Од почетокот на вакцинацијата со трета доза вакцина против ковид во Општа Болница Гевгелија аплицирани се 850 бустер дози на „Фајзер“ кај исто толку граѓани.
Ова е значителна бројка на интересенти за вакцинација во екот на четвртиот корона бран кај граѓаните на Гевгелија и југот, а во пресрет на зимската сезона кога вирусот може да засили со своето епидемиолошко присуство.
Важен е податокот дека интересот значајно расте од 20 лица кои се пријавиле за трета вакцинација во првиот ден кога беше одобрена оваа појачана доза на веќе вакцинирани граѓани против ковид-19, до 50 следниот ден, а 155 третиот ден. Интересот продолжи и во текот на изминатата недела во просек со по 120 апликанти за трета бустер доза против ковид-19 во вакциналниот пункт при Општа Болница Гевгелија.
Инаку тимот задолжен за вакцинации при Општа Болница Гевгелија продолжува со својата мисија за имунизација на граѓаните од Гевгелија и регионот на надлежност (општините Богданци и Дојран) во двата отворени вакцинални пункта секој ден од 8:00 часот до 14:00 часот.
До сега се извршени 12.500 апликации на вакцини против ковид-19 на исто толку граѓани.
Сите граѓани кои примиле втора доза од Синовак, или Синофарм можат да примат трета бустер доза против ковид по изминување на три месеци од апликацијата на втората доза, или по изминати шест месеци за примателите на вакцината „Спутник“.
Од гевгелиската Болница информираат дека има доволно количини на вакцини „фајзер“ и граѓаните можат доброволно да го посетат вакциналниот пункт и да побарат да бидат вакцинирани со трета доза против вирусот корона.
Голем дел од граѓаните кои досега ја обавиле оваа обврска кон своето здравје со две примени дози вакцина против ковид, примиле СМС порака од националната платформа за вакцинација која на мобилен телефон ги потсетила дека имаат услови да се вакцинираат и со терта бустер доза против ковид-19.
Д-р Окова задолжена за вакцинацијата во гевгелиската болница вели дека на двата вакцинални пункта се изведуваат вакцинирања со прва доза, ревакцинација односно апликација на втора доза, но деновиве најголем е интересот кај граѓаните за трета бустер доза.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место