Топ Новости

Петкратно поголем интерес за трета доза вакцина во Општа Болница Гевгелија

Недела, 07 Ноември 2021

Изминатите двеипол недели од почетокот на имунизација на населението против ковид-19 со трета доза вакцина во Општа Болница Гевгелија аплицирани се 1.151 доза кај исто толку граѓани.

Ова значи дневен просек од 100-на лица кои го посетуваат вакциналниот пункт при Општа Болница Гевгелија со цел да се заштитат пред зимските месеци со појачана бустер доза против ковид.

- „Најголем интерес за трета вакцина против ковид пројавуваат постарите генерации граѓани кои примија вакцина „Астра зенека“, но за жал информираноста им е нецелосна - потребно е да изминат шест месеци од последно примената втора доза за да може да бидат вакцирани со трета бустер доза од производителот „Фајзер“. Таквите граѓани ги информираме според евиденцијата од националниот систем за вакцинација и „Мој термин“ кога точно може да се јават за да бидат приматели на трета доза вакцина против ковид. Согласно рокот ќе бидат услужени овде во вакциналниот пункт во Гевгелија“, - изјавува д-р Тодорка Окова, задолжена за вакцинација на граѓаните против ковид за подрачјето на надлежност на гевгелиската Болница.

Таа забележува дека интересот за трета доза е значително голем за разлика од интересентите за прва доза вакцина кај граѓаните од регионот на надлежност на ОБ Гевгелија. 

Инаку до сега во гевгелискиот вакцинален пункт со две дози вакцина против ковид вакцинирани се вкупно 12.560 граѓани.

Зголемениот интерес за трета бустер доза се чувствува и од податокот што неделно интересенти за прва доза има околу 60 лица, а за трета доза околу 300 лица. Тоа значи однос од 1:5 во корист на бустер дозата против ковид.

Дека вакциналната превентива е избор на граѓаните пред настапот на зимските месеци зборуваат и податоците на државно ниво каде односот на интересенти за прва во однос на трета доза вакцина е 1:3. Гевгеличани значи повторно предничат со приоритетите пред државниот просек.

Вакциналната заштита од ковид е успешен показател во Кина, земјата на потеклото на пандемијата која досега успеа да вакцинира една милијарда од своите жители. Со тоа од светско жариште денеска, ноември 2021, Кина е на 113 место од светската карта по број на заболени, со 1.169 активни случаи на ковид-19 од инаку 68 милиони заболени во текот на пандемијата.

Во светот до сега бројот на корона заразени надмина 250 милиони жители, а бројката на смртни случаи од ковид изнесува над 5 милиони жители од светската популација.



Last modified on Недела, 07 Ноември 2021 - 22:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.