Топ Новости

ОИК Гевгелија ги додели Уверенијата на новоизбраната локална самоуправа

Понеделник, 08 Ноември 2021

На свечена седница закажана од Општинската изборна комисија за Гевгелија заедно со новоизбраните членови на Советот на општината денеска беа доделени Уверенијата за 19-те избрани советници од граѓаните и за новоизбраниот градоначалник.
На седницата присуствуваше комплетниот нов состав на гевгелискиот Совет составен од партиите кои на последните локални избори според Донтовиот модел на распределба на гласовите обезбедија место во Советот на општина Гевгелија.
Тоа се:
- 9 претставника од ВМРО-ДПМНЕ (д-р Патрик Матх, Ѓорге Попов, д-р Елена Хаџи Николова, Надица Ристовска, Саше Стојиловски, Слаѓана Стаменковска, Златко Митров, Андријана Бегова и Сашко Проданов),
- 7 од СДСМ и коалицијата (Миле Атанасов, Билјана Демерџиева, Тодор Ристов, Софија Тошева Раманчева, Виктор Кралев, Елизабета Сивова и Александар Пандовски),
- еден претставник од ЛДП и ДОМ (д-р Петар Апостолов),
- еден од партијата Левица (Саше Јанчев) и
- еден претставник од независната граѓанска листа (Томе Ќичуков).

Претседателот на ОИК Гевгелија Митко Ризов на сите избрани претставници на локалната власт им посака успешна работа и посветеност во корист на доброто на граѓаните, а на членовите на ОИК им се заблагодари за одлично сработените обврски за време на Локалните избори во Гевгелија кои се одвиваа без проблеми и без никакви приговори од трана на учесниците во изборниот процес.

Според изборниот законик, по конечноста на резултатите од Локалните избори 2021 новиот состав треба да одржи конститутивна седница за верификација на мандатот во рок од 20 дена (конечноста на резултатите беше објавена на 23 октомври, а последниот рок за конститутивна седница е петок 12 ноевмри). Тоа значи дека во текот на неделата треба да биде закажана и одржана конститутивнат седница на Советот на општина Гевгелија со новиот состав избран од граѓаните. Конститутивнаа седница ја закажува претседателот на Советот од претходниот состав.

На церемонијата на доделувањето на Уверенијата не присуствуваше новоизбраниот градоначалник Андон Сарамандов (ВМРО-ДПМНЕ) туку докуменот го превзеде негов ополномоштеник. Сепак, од денеска кадровите служби во Општината го пријавиле во работен однос на местото градоначалник на Општина Гевгелија.

 

Last modified on Понеделник, 08 Ноември 2021 - 16:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.