Топ Новости

Ерменија-Македонија: 0-5

Четврток, 11 Ноември 2021

Македонската фудбалска репрезентација се доближува до остварувањето на својот сон за учество на Мундијалот во Катар по денешниот успех на гостувањето во Ерменија и победата од 0-5.

Вечерва македонските репрезентативци успеаја да ја декласира Ерменија со 5 гола во мрежата на домаќинот во Ереван, со што ги одржаа шансите за второто место во квалификациската група на патот кон Мундијалот во Катар.

Херој на Македонија без сомнеж беше Енис Барди, кој освен што ја надмина повредата, дополнително мотивиран на своето капитенско деби даде хет-трик. Фудбалерот на Леванте првпат во својата кариера даде три гола на еден натпревар, го покажа целосниот потенцијал и блесна во Ереван, за многу важна победа против директниот ривал.

Традиционално, стрелецот на хет-трик во светскиот фудбал ја добива топката со која е завршен натпреварот. Така, од соблекувалната на Македонија се појави слика на Енис Барди, заедно со Езџан Алиоски се пофали со топката од Ереван. Покрај тоа, топката која ја доби денешниот капитен е со потписи од фудбалерите на Македонија, за спомени.


ФОТО: Gol.mk 



Last modified on Четврток, 11 Ноември 2021 - 22:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.