Топ Новости

СДСМ Гевгелија: Злоупотреба на општинската администрација од новата локална власт во Гевгелија

Петок, 12 Ноември 2021

Уште не конституирани новите тела на локалната самоуправа во Гевгелија, а веќе пристигнаа првите обвинувања за злоупотреба на локалната власт од страна на новоизбраниот градоначалник и неустоличените функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска од говорницата на СДСМ Гевгелија со прес до јавноста се огласи советничката Елизабета Сивова од СДСМ која изнесе факти за злоупотреба на општинските служби во Општина Гевгелија кои наместо да спроведуваат одлуки на граѓаните искажани и изгласани преку новоизбраните претставници на Советот, се извршуваат делегирани, нарачани именувања и устоличувања во Општината.

- „Најпрво, сведоци сме дека новоизбраниот градоначалник без да се појави во зградата на Општината, без да изврши примопредавање на власта со стариот градоначалник (како што видовме од извештаите за бројни општини во државата), тој во понеделникот, од службите во Општината е пријавен на работно место градоначалник на општина Гевгелија. До денеска истиот не се појавил на своето работно место.

Таа го посочи и примерот на арогантното промовираниот потпис на советникот Патрик Мат од ВМРО-ДПМНЕ кој е нотиран на документот „Ребаланс на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година“, страна 61 од документот, што го примија сите советници.
Советникот Патрик МАТ на денот на доставата на материјалите до советниците НЕМА ВЕРИФИКУВАН МАНДАТ КАКО ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА, исто како што немаат верификуван мандат сите 19 советници заедно. За тоа треба да помине Конститутивната седница која е закажана за денес.
Уште пофатално е што - Советникот ПАтрик Мат НЕМА ИЗГЛАСАНО ИЗБОРНА ФУНКЦИЈА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА за да се јави како потписник на документ и со тоа ТОЈ НЕМА ПОТПИСНА ВАЛИДНОСТ.

Општинската организација на СДСМ Гевгелија и Советничката група на СДСМ остро се спротивставуваат на ваквиот начин на работа. Службите во Општината се на сите граѓани, а не на градоначалникот кој седи дома, не на функционери кои не се изгласани од мнозинството на Советот на општината!
Ред мора да има! - нагласи Сивова на утринскиот прес од седиштето на СДСМ Гевгелија.

Last modified on Петок, 12 Ноември 2021 - 11:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.