Од рано утринава отворени се пунктовите за вакцинација против сезонски грип, јавуваат од Министерството за здравство.
Заинтересираните граѓани треба да се пријават на националниот систем vakcinacija.mk и по СМС порака ќе добијат закажан термин за вакцинација.
Годинава Министерството обезбеди 40 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани. Вакцините за нив ќе бидат бесплатни. Дополнително обезбедени се и вакцини за комерцијална употреба.
Од утрово отворен е пунктот за вакцинација во Центарот за јавно здравје, ПЕ Гевгелија каде се изведува вакцинација против сeзонски грип. Интересот кај граѓаните е голем, особено постарата популација. Од ЦЈЗ Гевгелија велат дека според распоредот за работа и расположивиот кадар дневно ќе можат да опслужат по 122 граѓани кои со закажан термин ќе можат да дојдат во просториите на ЦЈЗ и овде да ја примат вакцината.
ЦЈЗ располага и со комeрцијални вакцини, но тие ќе им бидат достапни на граѓаните од понеделник.
Годинава организационата подготовка за имунизација против сезонскиот грип стартува навремено, па со посакуваниот одзив на граѓаните можат да се избегнат здравствени компликации претстојната зима кај пациентите кои се од постарата и хроничната група на заболени лица.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место