Топ Новости

Конституиран новиот состав на Советот на општина Гевгелија

Петок, 12 Ноември 2021

Со верификација на Уверенијата за избрани членови на совет на општина Гевгелија од страна на верификационата комисија на денешната Конститутивна седница на Советот на општина Гевгелија утврден е новиот 19-член состав на највисокото самоуправно тело во Општината.
Сите тие денеска поднесоа свечени заклетви согласно Уставот и Законот за локална самоуправа дека ќе работат совесно, одговорно и за доброто на граѓаните на општина Гевгелија.
Во Новиот Совет на Општината партиципираат 9 членови на ВМРО-ДПМНЕ, 7 членови на СДСМ и коалицијата, и по еден претставник од коалицијата на ЛДП со ДОМ, на партијата Левица и Независната граѓанска листа за Гевгелија.

На денешната конститутивна седница беше предвидено да се бира и нов претседател на Советот на општината. Советникот Сашко Стојиловски од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот со работа по истата побара оваа точка (под бр.2) да биде тргната од дневниот ред. На ова се спротивстави советникот Виктор Кралев од Народна Партија кој посочи дека советниците се' уште немаат верификуван мандат за да предлагаат и носат измени на дневниот ред кој е утврден во Законот за локална самоуправа. Со тоа точката остана, но поради немање предлог кандидат за претседател на Советот на општина Гевгелија истата се одложи за некоја наредна седница, заклучи претседавачот на конститутивната седница, советникот Тоше Ристов од СДСМ, инаку поранешен претседател на Советот од претходниот состав.

Потоа советниците пристапија на избор на 5 члена Комисија за избори и именувања во која едногласно се одлучи да членуваат советниците: Сашо Стојиловски- за претседател, а за членови Ѓорге Попов, Златко Митров, Билјана Демерџиева и Миле Атанасов.

На седницата како четврта точка од дневниот ред беше донесена одлука дека секој член на Советот може да присуствува при склучување на бракови како составен дел од матичните служби на Општината, на церемониите кои се изведуваат на територијата на општина Гевгелија.

Претседавачот Тодор Ристов им честита на сите за конституирањето на Советот и посака плодна работа на следните работни средби на новиот советничкиот состав на општина Гевгелија.



Last modified on Петок, 12 Ноември 2021 - 23:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.