Топ Новости

Светски ден на дијабетесот - 14 Ноември

Недела, 14 Ноември 2021

Светот се соочува со растечки трошоци за борба против дијабетесот кој пак е во пораст и во моментот ангажира 10% од вкупните здравствени трошоци, а тоа претставува 760 милијарди долари на светско ниво.
Најголем број на возрасни заболени од дијабетес (од 20 до 79 години) на светско ниво има во Кина со 116,4 милиони жители, на второ место е Индија со 77 милиони заболени со дијабет и САД со 31 милиони американци со дијагноза дијабет.

Светската здравствена организација (WHO) и Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) проценуваат дека до 2025 - 2030 година од дијабетес мелитус тип 2 ќе се разболат 350.000.000 луѓе насекаде во светот, а особено во земјите во развој во кои спаѓа и Република Македонија. Тоа значи аларм за потребата од континуирана грижа кон пациентите со дијабет и начин да се ублажат животнозагрозувачките последици од оваа болест.

Дијабетесот е хронична болест која настанува поради недостаток на инсулин. Инсулинот е хормон кој се лачи од панкреасот и е неопходен за живот. Со негова помош гликозата влегува во секоја клетка и ја храни. Неговиот природен недостаток доведува до нарушување на метаболизмот во човековото тело, и тоа не само на јаглените хидрати, туку и на белковините и мастите, што значи на сите животно потребни материи на органзмот.

Светот веќе 100 години како ја има откриено инсулинската терапија за лечење на дијабетесот. Долгогодишната борба на човештвото со дијбетот ја наметна потребата и од заедничка грижа во светски рамки поради што е востановен и Светски ден на борбата со дијабетесот - 14 Ноември. По тој повод потсетуваме на опстојната грижа за пациентите со оваа болест на современиот свет која ја пружа и изведува Општа Болница Гевгелија со тимот сручњаци на чело со д-р специјалист интернист Доне Мандиќ.


- „Причините за заболување од дијабетес мелитус се мултифакторијални. За појава на дијабетес мелитус тип 2, главно, се нотираат пет фактори или причини, и тоа: стресот, дебелината, недостигот на физичка активност, лошата исхрана, урбанизацијата и генетиката. Генетиката како причина зазема 5% од случаевите, додека другите фактори за појава на дијабетес се одговорни во 95%“ - вели д-р Мандиќ.

Тој вели дека здравствениот сектор, но и самите граѓани со навремени контроли можат солидно да помогнат во заштита од болеста на современието.
- „Навременото дијагностицирање, адекватниот третман и превенцијата од компликации претставуваат, засега, најголема заштита во борбата со подемот на болеста. Едукацијата на општото население, уште од најмала возраст, е конститутивен фактор во борбата против појавата на оваа болест“ потенцира д-р Мандиќ.

Според податоци на Центарот за дијабетес при Општа болница со проширена дејност Гевгелија, во општина Гевгелија, во моментот, има 1.050 пациенти - дијабетичари или 4.6% од вкупната популација, кои се на редовен инсулински третмант. Се претопставува дека во општина Гевгелија бројката на заболени од дијабетес надминува над 2.000 лица. Тоа се пациенти кои припаѓаат на сите категории, како: пациенти на редовна таблетарна антидијабетична терапија, потоа не дијагностицираните пациенти, како и пациенти кои се лекуваат кај своите матични лекари. Ако ја уважиме оваа реална бројка, тогаш тој процент би се издигнал над 8% од вкупната популацијата во општина Гевгелија, што претставува реална закана за општината од секаков аспект – здравствен, социјален или економски.

И во Република Македонија состојбата, во однос на дијабетес мелитус тип 2, е загрижувачка. Во 2003 година бројката на заболени изнесувала околу 50.000 лица, а според најновите статистички податоци од Центар за јавно здравје на РСМ и Клиниката за ендокринологија, дијабет и болести на метаболизмот во Скопје, дијабетот во Македонија се движи околу 120.000 заболени лица од кои 35.000 на инсулинска терапија или вкупно околу 6 % од целата популација во Република Македонија има дијабетес мелитус тип 2.
Значи општина Гевгелија има заболени од дијабет поголем од републичкиот просек.

Поради загриженоста на состојбата во општина Гевгелија, д-р спец. интернист Мандиќ Андон, кој е раководител на Центарот за дијабетес, заедно со д-р Трајков Златко, општ лекар при Итната медицинска помош во Гевгелија изготвија научен труд во форма на книга, со наслов: „Дијабетес мелитус како јавен здравствен проблем во општина Гевгелија“.

Книгата се однесува за состојбата со дијабетес мелитус во нашата општина. Истата е веќе отпечатена и ќе биде јавно промовирана за 10 дена, најавуваат авторите.
Авторскиот двоец д-р спец. интернист Андон Мандиќ и д-р Трајков Златко се надеваат, но и веруваат дека оваа книга ќе даде доволен удел и ќе укаже пред општеството и неговите чинители, дека треба отворено и навремено да се разговара и реагира во однос на оваа проблематика и на неа сличните проблематики.
Издавачките трошоци за научниот труд „Дијабетес мелитус како јавен здравствен проблем во општина Гевгелија“ е финансиран од општина Гевгелија од програмата за култура за 2021 година.

Останувајќи на ниво на својата здравствена задача авторите, по повод Светскиот ден на дијабетесот, до пошироката јавност, го упатуваат следниот апел:
„Ги повикуваме сите наши сограѓани да се однесуваат одговорно пред своите животи, да се едуцираат навремено, да ги менуваат лошите животни навики навремено и да работат безусловно на благосостојбата, квалитетот и амбиентот на своето секојдневие – истиснувајќи го стресот од своите животи, зашто спокојството е најубавата форма на среќата. Сите ние, како заедница, сме повикани да покажуваме одговорност кон нашите животи и кон животите на нашите ближни. Со тоа ќе придонесуваме кон доброто на заедницата во која живееме и опстојуваме. Само со трудољубивост, правилен начин на живеење и со љубов кон ближниот ќе покажеме колку сме потребни на општеството и на нашата Татковината.“

 

Last modified on Недела, 14 Ноември 2021 - 05:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.