Со свечена црковна литургија денеска во Богданци беше осветен реновираниот Божји Храм „Свети Атанасиј Велики“.
На церемонијата присуствуваа бројни верници, граѓани, поклоници кон православието и на тој начин, следејќи ги црковните церемонии му дадоа величественост на настанот и денот.
Оваа црква која првично е изградена во 1880 година, но поради спој во електричната инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Ова беше голема духовна загуба и за жителите на градот Богданци и воопшто сите верници на Македонската православна црква. Но и при оваа неволја за градот Богданци и за неговите жители, како и за Повардарската епархија, и Црквата и заедницата не остана рамнодушни, туку напротив веднаш се започна со реновирањето импозантниот храм кој одново ќе го краси овој град.
Свечениот чин на осветувањето го изврши Митрополитот Повардарски г/ Агатангел во сослужение на свештеници од Повардарската епархија.
Од името на Православната Црква денеска за заложбите за реновирањето на Црквата во Богданци, беше доделен Орден за посебни заслуги за постојана љубов кон Светата православна вера на Општина Богданци што на Градоначалникот на Општината Блажо Шапов му го додели Митрополитот Повардарски г.Агатангел.
Image Gallery
https://gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=6694:osveten-hramot-sv-atanasij-veliki-vo-bogdanci&Itemid=585#sigProGalleria084bdc07f8
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските
Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и
Благодарница за ТППЕ-Гевгелија од СДСМ и коалицијата во Советот
За Денот на пожарникарите 20 Мај, денеска претставници на советничката група на
Пресудa за „ТНT“: 9 години затвор за Груевски, 3 години за Јанакиески
Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во
Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград
Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на
Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија
Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој
IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“
Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -