Топ Новости

Д-р Матх избран за претседател на Совет на општина Гевгелија

Понеделник, 15 Ноември 2021

Денеска напладне, на првата одржана работна седница на Советот на општина Гевгелија беше извршен избор на претседател на гевгелискиот Совет.
Со 11 гласови „За“ советниците за оваа функција го избраа носителот на изборната советничка листата на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Патрик Матх. За неговиот избор гласаа 9-те советници од листата на ВМРО-ДПМНЕ, советникот од партијата Левица и независниот советник од граѓанската листа за Гевгелија.

Д-р Матх е четвртиот по ред претседател на Совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гевгелисата локална самоуправа. Претходно оваа функција ја извршуваа д-р Слободанка Шуклева (2000-2004), Александар Тодов (2009-2013) и Драги Хаџи-Николов (2013-2017).

По денешниот избор д-р Матх како новоизбран претседател на Сoветот на општина Гевгелија тој се заблагодари на довербата и изрази надеж дека заеднички и со добра соработка и залагање на сите советници, Советот на Општината ќе придонесе за интересите на граѓаните.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.