Топ Новости

Доаѓа метеорски дожд - светлечко шоу на небото

Вторник, 16 Ноември 2021

Природен раритет кој ни го приредува небото - „Леониди“ е метеорскиот дожд кој ќе се појави овој месец. Нашата планета секоја година во ноември поминува низ опашката на кометата 55П/Темпел-Татл и тогаш делови од опашката на кометата горат во атмосферата на Земјата. На површината, ние ги гледаме овие делови што горат во атмосферата како ѕвезди што паѓаат.

Името на метеорскиот дожд доаѓа од соѕвездието Лав, од кое изгледа дека метеорите зрачат додека ги гледаме на небото.

Во текот на овој метеорски дожд понекогаш може да се забележат над 1.000 ѕвезди што паѓаат во еден час. Овие метеори што паѓаат се светли и многу брзи. Не се очекува овогодишниот метеорски дожд да биде толку активен, но вреди да се гледа. Најмногу метеори треба да има ноќта помеѓу 17 и 18 ноември, кога би можеле да се видат до 15 метеори на час, но можеби тешко ќе се гледаат поради Месечината.

Метеорите најдобро може да се видат на место со минимално светлосно загадување, а се препорачува навикнување на очите на темнината за подобро да се забележат. Метеорскиот дожд може да се види насекаде на северната хемисфера, а најдобро се гледа во часовите пред зората.



Last modified on Вторник, 16 Ноември 2021 - 12:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.