Топ Новости

Подметната заклетва во Гевгелискиот Совет

Среда, 17 Ноември 2021

Законска обврска е новоизбраните советници по верификација на мандатот за членови на Совет на општина да поднесат свечена заклетва дека ќе работат чесно и одговорно за доброто на граѓаните од општината и истата да ја потпишат и приложат до општинските служби.

На првата работна седница на Советот на општина Гевгелија, одржана вчера на 15 ноември, советничката група на СДСМ побара да им бидат доставени на увид свечените заклеттви на советниците за работа согласно Уставот и законите, а за доброто на граѓаните на Општинатa.
По извршениот увид беше констатирано дека до службите на општината се доставени 19 заклетви од кои 18 се во оригинален формат и потпишани свечени заклетви, а една е неисравна, односно доставена е некоја „своја“ верзија од потписникот - советник на Левица.
Советникот Тодор Ристов од СДСМ ја проблематизираше ваквата постапка како „подметнување“ од страна на потписникот и побара да се установи валидноста на неговата партиципација во Советот и право на глас.
На ова се реагираше до секретарот на општината, па одговорот беше дека мандатот на советникот се регулира со верификација на мандатот од страна на верификационата комисија, а заклетвата е личен чин.

Ова е нешто сосема различно од случувањата во Советот на општина Штип каде советниците на ВМРО-ДПМНЕ потпишаа изјави со прецртано уставно име на државата. За ова следуваше инспекција од Министерството за локална самоуправа. Разрешницата се очекува деновиве, со даден рок за регулирање на состојбата од страна на советниците.

Вакво самоволно патешествие надвор од одредбите на Уставот и Законот за локална самоуправа имаше и на свечената седница за верификација на мандатот на новиот советнички состав на општина Богданци. На реакцијата на советникот од Левица дека сака нова заклетва каде ќе стои само Република Макеонија, а не Република Северна Македонија, одговорот од тамошниот секретар на општината беше дека:
- „Ова е согласно Уставот, Законот за локална самоуправа, упатството од Министерсттвото за локална самоуправа. Советникот ако смета дека е ова личен чин може да не ја потише заклетвата, но тоа значи дека може да остане да присуствува на седницата, но нема право на глас“.

Еден Устав, еден Закон за локална самоуправа, едно исто упатство од Министерствотот за локална самоуправа, а различни секретари на општини и административно-правна папазјанија.
Важи ли или не гласот на советникот на Левица даден за 15 точки од дневниот ред на првата работна седница на Советот на општина Гевгелија!?

Одговорот секако го имат инспекторите за локална самоуправа.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.