Топ Новости

Странци затекнати во Гевгелија протерани од државата

Четврток, 18 Ноември 2021

Мигрантската голгота се' уште трае за државјаните од кризните земји, а во Гевгелија се' почесто се бележи нелегален превоз и транзит на државјани од Куба, на релација север-југ. Последниот извештај на МВР зборува токму за откриени Кубанци на територијата на Гевгелија кои оствариле нелегален влез во државата. За стореното дело изречена им е санкција „протерување на странец од државата“.

Во полицискиот билтен заведени се два случаи на пронајдени кубанци, и двата се регистрирани во понеделникот на 15.11.2021 година, едниот попладне во објект, а вториот навечер на Автобуската станица во Гевгелија.

Првиот случај го откри Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, (на 15.11.2021 год. во 16.00 часот), при преземање на мерки и активности од полициски службеници, во објект во Гевгелија биле откриени и лишени од слобода E.В.И.М.(34), E.В.И.М.(39), Р.Г.М.К.(18) и С.Б.Р.Д.(29), сите од Куба. Пo преземени мерки било утврдено дека четирите лица на 14.11.2021 илегално ја преминале државната граница од Република Србија во Република Северна Македонија, со што постапиле спротивно на одредбите од Законот за странци. На пријавените, од Основен суд Гевгелија им се изречени казни и санкција „протерување на странец од државата“.

Вториот случај на откриени мигранти го реализирале полициски службеници од Полициска станица за граничен премин Богородица, на ден 15.11.2021 во 20.30 часот, кога при преземање на мерки и активности на автобуската станица во Гевгелија ги откриеле и лишиле од слобода Д.К.Ј.(44) и Ј.А.Ј.(33), и двајцата од Куба. Од страна на полициските службеници било утврдено дека на 15.11.2021 илегално ја преминале државната граница од Република Србија во Република Северна Македонија, со што постапиле спротивно на одредбите од Законот за странци. На пријавените од Основен суд Гевгелија им се изречени казни и санкција „протерување на странец од државата“.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.