Топ Новости

Почина Мерима Његомир, српска пејачка со 4 децениска музичка кариера

Сабота, 20 Ноември 2021

По кратко боледување, на 69-годишна возраст почина популарната пејачка Мерима Његомир, пренесуваат српските медиуми.

Таа беше четири децении на естрадата. Татко и Адем беше роден во Охрид, таа ја сакаше и македонската народна песна, а има гостувано и на „Фолк Фест Валандово“.

Мерима Његомир е добитничка на голем број награди, меѓу кои можеби најважна е наградата Вук за придонес во српската култура, како и наградата на РТС Златен микрофон, Повелбата на Здружението на џез, поп и рок музичари, Специјалната награда на Радио Белград за придонес во зачувувањето на традиционалната народна музика, наградата Царица Теодора во 2002 година и други.

Во 2019 година, Здружението на естрадно музичките уметници на Србија ѝ ја додели наградата животно дело. Од 1979 година до денес, учествувала на над четириесет и пет музички фестивали и освоила повеќе од дваесет први награди.

Нејзини најголеми хитови „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Због тебе“, „Што је лепо кад се неко воли“, „Опило нас вино“, „Зелене су очи твоје“, „Бол болујем“ и многу други.

Како уредник на народната редакција на РТС, таа беше посветена на проекти поврзани со снимање, зачувување и промоција на традиционалната српска музика.


Во своето последно обраќање во медиумите, Његомир отворено раскажа со какви се’ предизвици се соочува.

„Се борам со тешка болест. Со голем тим на лекари и експерти се надевам дека ќе ја добијам оваа битка. Многумина се изборија, се надевам дека ќе успеам и јас. Се обидувам позитивно да размислувам. Тука се моите деца и пријателите кои ми даваат максимална поддршка. Што друго да ви кажам.. Се разболев како и милиони други луѓе на светот, па ете, меѓу нив требало да бидам и јас“, раскажа таа неодамна.

Музичкото потсетување е од концертот на Мерима пво Сава Центар Белград по повод 35 години од нејзината кариера.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.