Топ Новости

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

Недела, 21 Ноември 2021

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу новоизбраниот Андон Сарамандов и поранешниот Сашо Поцков, новиот титулар на локалната власт ја започна својата работна агенда како градоначалник на општината за мандат 2021-2025 година.

После два дена од примопредавањето новиот градоначалник со тазе општинска вест се одбврза пред граѓаните дека ќе ја оправда нивната доверба. Неговите изборни постулати за време на ЛИ 2021 се потпираа на четири столба: екологија, млади, спорт и економија. Но, во четвртокот тој го промовираше првиот проект со кој ќе се зафати со реализација, а тоа е изградбата на Домот за култура во с.Прдејци.

Ова не е програмска заложба на Сарамандов, туку најавено договорно остварување на неговиот претходник Поцков, со потпишан договор од 30 јули 2021 со Владата на РСМ и доделениот грант од 10.220.420 денари, од пренамената на средствата на ТАВ за изградба на карго аеродром. Наместо карго аеродром Владата доделените средста од ТАВ ги пренаменува за 99 проекти во 75 општини, а еден од нив е Домот на култура во Прдејци.

И, ова се веќе обезбедени средства, а реализацијата со изготвениот проект може да стартува. Сарамандов најави старт на работите за изградба на Домот во Прдејци заедно со дел од својот локален и партиски тим.

Не, ова не се најавените проекти на Сарамандов, ама е проект кој е за доброто на Прдејци. Поцков во предизборната кампања го вети остварувањето на овој проект и може да биде само задоволен што успеал да го „убеди“ својот конкурент да се зафати со реализацијата на неговите предизборно ветени и потпишани договори со финансиско покритие за реализација на проектите. Поцков може да биде мирен - наследникот после него „му ја тера програмата до реализација“. Единствено е во минус со убедувањето на гласачите да ги поддржат неговите проекти со заокружување на неговиот број од гласачкото ливче.

Вакви прелевања на проекти од една партиска програма, остварени и сечени ленти со претставници од друга партиска фела не е првпат во Гевгелија. Се сеќаваме реконструкцијата на опожарениот Народен Театар во Гевгелија со средства од Европската Унија што проектно го реализираше градоначалникот Петко Смилков од СДСМ во периодот 2000-2004, па продолжи санацијата во мандатот на Драги Делев (СДСМ) 2004-2008. Завршницата од проектот се случи во месеците кога градоначалничката функција ја превзеде ВМРО-ДПМНЕ па црвената лента за отварање на реновираниот Народен Театар ја пресекоа Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере и новоизбраниот градоначалник Франгов (ВМРО-ДПМНЕ).

Во 2018 година Поцков ги отвори новите бунари за водоснабдување на Гевгелија на Денот на ослободувањето 7-ми ноември, една година по превземањето на локалната власт од Франгов (ВМРО-ДПМНЕ) кој започна со реализација на проектот во 2016 година со заем од Светска Банка, Средства од КФВ Банката и учество на Владата на РМ. На церемонијата на сечењето на црвената лента на Бунарите кај Мрзенци присуствуваа Министерот за транспорт и врски од името на Владата на РМ која додели 20% од средствата за изградба, градоначалникот Поцков (СДСМ) и поранешниот градоначалник Франгов (ВМРО-ДПМНЕ).

2021 година новиот градоначалник на општина Гевгелија Сарамандов е на пат да го реализира проектот започнат од мандатот на локалната власт на СДСМ - изградбата на Домот на култура во Прдејци.
После проектната реализација на терен во Прдејци од страна на својот наследник, на поразениот градоначалник Поцков му останува утехата дека можеби новиот градоначалник ќе се сети да го продолжи неговиот востановен рецепт на реципроцитет, па да очекува да биде поканет на свеченото сечење црвена лента при отварањето на Домот на културата во Прдејци.
Нели СДСМ гради „Општество за сите“, да не биде дека ВМРО-ДПМНЕ гради само за своите партиски интереси, договорени тендери, провизии, како за многуте десеткратно надуени хонорари во мегаломанскиот милионски проект „Скопје 2014“.

Ова е сиже од првите четири дена работа на новиот градоначалник Сарамандов. Инаку тој и во најавата за следните проекти пак ги заборава своите постулати: екологија, млади, спорт, економија, туку ги преповторува предизборните ветувања на претходниот и негов веќе изборно победен конкурент Поцков, а тоа се:

„Профункционирањето на Времената депонија, потоа, асфалтирањето на сообраќајницата во Милци, која ќе обезбеди алтернативно поврзување на Гевгелија со граничниот премин Богородица. Исто така, доизградба на последната делница од патот за Ума. Од приоритетните проекти би ги издвоил проектите што ќе се реализираат со доделениот грант од KFW банката, и тоа, водоводни линии за Богородица и граничниот премин, за Негорци и Прдејци, сепарација на постојната канализациона мрежа и изградба на атмосферска канализација во јужниот дел од градот, на потегот од Динќут до железничкиот мост на Сува река, како и дигитална опрема за ЈПКД„Комуналец“ - вели Сарамандов во објава на Општинската ВЕБ страница.

Што да се каже на оваа прелеана предизборна програма на кандидатот на СДСМ кај новоизбраниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ - освен дека Поцков успешно го убедил својот наследник да му го сработи неговото ветено, а не успеал за истото да ги убеди гласачите да гласаат за него во доволен број за победа.
Изгледа, таква е политиката: не колку ќе ветиш, туку колку ќе добиеш на гласачкото конто.
А, црвените ленти... Нив ќе ги сечат новите мандатари, ако сработат и ако има проекти вредни за црвени ленти и ножици со кои преку црвените ленти симболично и реално треба да се прекрои новата иднина за доброто на гевгеличани.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.