Топ Новости

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Вторник, 23 Ноември 2021

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според информациите, тие се враќале од екскурзија во Турција. Агенцијата „Беса транс“, чиј автобус се запали и преврте во Бугарија, е организаторот на турата во Турција.

Биле четири автобуси, а овој што се запалил возел последен. Пред несреќата, автобусите застанале на бензиска пумпа, за да се одморат. Како што наведуваат бугарските медиуми, еден час по пaузата се случила несреќата.

Телата на загинатите се целосно јагленосани, изгорени до непрепознатливост, па утврдувањето на нивните идентитети ќе оди тешко, рекоа бугарските истражни органи, кои излегоа веднаш на местото на несреќата.

- „Ова е човечка трагедија непозната по вакви размери. Првичните информации и верзии се дека од Истанбул до Скопје влегле четири автобуси. Во овој автобус имало 52 патници, од кои 12 деца. Во ‘Пирогов’ во моментот се сместени 7 лица, 45 се починати, меѓу нив и 12 деца. Телата беа изгорени до непрепознатливост. До инцидентот патува тим од лекари на судска медицина и од секое тело ќе биде земен примерок за идентификација со ДНК. Првичните информации се дека нема бугарски државјани. Има две верзии: човечка грешка на возачот или дека дошло до ненадеен технички дефект“, изјави заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов.

Во болницата Пирогов во Софија по несреќата со автобусот на автопатот Струма се примени 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа. Нема опасност по нивните животи.

Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата.

Несреќата се случи на магистралниот пат Струма нешто по 02.00 часот, кај селото Боснек.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.