Топ Новости

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Среда, 24 Ноември 2021

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите Илиев направи видео реконструкција на автопатот, патните ознаки хоризонтални и вертикални и колку тоа придонело возачот на автобусот на „Беса Транс“ да не ги добие навремените и точни информации за условите на патот, со што несреќата била предодредена.

Тој посочува дека знакот кој најавува простор за одмор (паркинг-чешма) кој треба да е истакнат најмалку 500 метри пред просторот за одмор на патот бил соборен уште од мај не е кренат и стои покрај патот. Никој не ја поправил состојбата.
Втората негова забелешка е дека полната бела линија за краишниците на патот била стара и не препознатлива, трето дека флуоресцентните ознаки на банкините на патот биле стари, кородирани и неефикасни. Тоа придонело ноќе, при услови на дожд и магла возачот во меѓународен патнички сообраќај да вози без патна ориентација за тоа што има и што му претстои пред патот. Зато тој удира на кривината во банкините кои го означуваат просторот за одмор, тука ги буши гумите, му се кинат сопирачкте и удира во левата страна од банкината каде се запалува.

За да се увери лично дека го нема знакот, отишол да провери и неговите сомневања се потврдиле, знакот си лежи зад банкината и вели дека никој од мај месец досега не забележал дека го нема. Тој ги замолува истражителите да обрнат внимание на тој знак, затоа што и 18 часа по несреќата никој не зборува за тоа.

На самото место за одмор има знак за делење на патот за кој Илиев вели дека е несоодветен, а на него има залепено реклама за која вели дека ја намалува неговата видливост. За рефлектирачките светла на банкините вели дека се распаднати и одамна ја немаат својата функција.

„Нема знак, човекот не знае, гледа три ленти и преминува во најдесната лента. Потоа му излегува знак кој е поставен неправилно, а врз него има и лепенка која дополнително пречи“, вели Илиев.

И друг бугарски возач предупредува за несоодветната патна сигнализација на автопатот Струма, Бугарија каде се случи трагичната сообраќајна несреќа на македонскиот автобус и загинаа 45 патници од кои 12 деца.
Немало соодветна сигнализација? Една од главните причини според овој бугарски возач Димитар Димитров може да биде самиот автопат.

- „Вака изгледаше делницата од автопатот Струма ден пред трагедијата. Ставете се на местото на возач на автобус: возите ноќе, по експресен пат со две ленти, една лента за итни случаи. Во еден момент, двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки што укажуваат дека „третата лента“ има некоја друга цел. Како професионален и совесен возач одговорен за 50 судбини, „останувате“ на безбедната лента по којашто возите со вашето возилото, на крајната десна лента. По кривината, сфаќате дека обележувањето ве изневерило, но веќе е доцна. Правите сè што е во ваша моќ, но вашата судбина и на уште 50 невини луѓе е веќе предодредена“, напишал Димитар Димитров, корисник на Фејсбук под своето видео.

Last modified on Среда, 24 Ноември 2021 - 15:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.