Топ Новости

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Петок, 26 Ноември 2021

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско одделение Нов Дојран извршиле претрес во домовите на тројца жители на општина Дојран при што биле пронајдени докази кои потекнуваат од кривични дела поради што тројца дојранчани биле приведени во ПС Гевгелија.

Имено, од полицискиот извештај на МВР стои дека настанот се случил на 25.11.2021 (четвртокот) во 06:10 ч. и 08:10 часот во Стар и Нов Дојран, кога е извршен претресот во домовите Д.Р.(43) и Е.И.(27), двајцата од Стар Дојран и Т.А.(56) од Нов Дојран, па според пронајдените докази, полициските службеници од ОВР Гевгелија - Полициско одделение Нов Дојран ги лишиле од слобода.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Имено, при претрес во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени на подрачјето на општина Дојран.

Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, извршени на подрачје на општина Дојран.

Додека, при претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

Last modified on Петок, 26 Ноември 2021 - 12:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.