Топ Новости

87-та ковид жртва од Гевгелија е 58 год. пaциент

Понеделник, 29 Ноември 2021

ИЈЗ - Скопје во својот извештај за корона состојбата во државата заклучно со 28.11.2021 објави податок дека во регионот на ЦЈЗ Гевгелија има регистрирано 2 нови ковид-19 заразени, 4 оздравени и еден смртен исход од корона компликации во рамките на општина Гевгелија. Ова е конечно едноцифрен дневен број на регистрирани новозаразени и двојно поголем број на оздравени за едно деноноќие.
Во однос на починатиот пациент од ковид-19 се вели дека тоа е пациент од 58 годишна возраст кој починал во болнички услови.

Денеска, 29 ноември, во регионот на ЦЈЗ Гевгеија расте бројот на оздравените - регистрирани се 10 оздравени случаи од ковид-19 во Гевгеија, а само 1 случај на новозаразен од корона во рамките на општина Богданци.

Денешната ковид слика на вкупниот број активни случаи на ковид-19 во регионот на ЦЈЗ и понатаму е висок и изнесува вкупно 171 лице со територијалната распореденост по општини:
- Гевгелија 128 активни (од вкупно 2.780 заболени до сега и 87 починати од корона компликации леталитетот во Гевгелија изнесува 3,1% и е највисок во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија);
- Богданци 41 активни (од вкупно 642 збнолени од корона до сега со смртен изход завршиле 15 лица со што леталитетот - смртноста од корона компликации е 2,3%)
- Дојран 2 активни (од 161 заболени до сега во општина ДОјран регистрирани се 4 ковид жртви, со што леталитетот од ковид компликации изнесува 2,5%.).

Здравствените експерти во државата најавуваат тешка корона зима во која демне опасност и од појава на новите корона варијанти, поради што предупредуваат на потребата од вакцинација и превенирање на граѓаните при појава на нов поопасен ковид бран во регионот.



Last modified on Понеделник, 29 Ноември 2021 - 18:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.