Топ Новости

Изложба на децата со посебни потреби во „Амам“

Недела, 05 Декември 2021

Денеска е 339-от ден од годината. Помина 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, но и денеска тие се' уште се тука, живеат со своите недостатоци и потреби, и не треба да бидат одминати, или заборавени и после нивниот ден, туку да добијат потпора од нас и заедницата во која живеат.

Затоа и денеска потсетуваме на организираниот настап по повод нивната заедничка прошетка до Народниот театар во Гевгелија, пригодната програма организирана во театарот од деца штитеници на Центарот за лица со посебни потреби од Гевгелија и на штитеници од Центарот „Мајка Тереза“.
Со пораките „И ние сме дел од ова општество“, „ Дајте им шанса“, „Тие имаат добра душа, нема да ве разочараат никогаш“, во петокот беше одбележан 3 Декември во Гевгелија.

Попладнето беше отворена и хуманитарната изложба на апстрактни цртежи со акрилни бои на платно изработени од корисниците во Дневниот центар за лица со попреченост во уметничката галерија „Амам“.

Во прилог ви пренесуваме и Фото галерија од изложените ликовни дела на штитениците од Дневниот центар во Гевгелија кои работеа со акрилни бои и создадоа многу апстракни дела. Изложбата имаше продажен карактер и веќе си најде симпатизери за овие уметнички творевини на децата.
Навидум чуден е нивниот свет, соочени со недостатокот кој го имаат, тие се насочуваат кон нештата кои им пружаат радост, творејќи во мноштво од бои, создавајќи илуминација од разлеано виножито на платно, на хартија, докажувајќи дека во нив има скриени вредности кои сакаат да ги споделат со останатите.

 

Last modified on Недела, 05 Декември 2021 - 21:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.