Топ Новости

Андреј - Државен првак во Ендуро Шампионат на Македонија за 2021

Петок, 10 Декември 2021

Последната трета трка на Државниот Шампионат во Ендуро, одржана овој викенд во Старо Нагоричане и го донесе на Гевгелија првиот државен шампион годинава.
На победничкиот пиедестал се искачи нашиот гевгелиски моторциклист Андреј Милковски.. Тој стана државен првак во Ендуро Шампионатот на Македонија за 2021 година. Имено, Милковски ја зазема првата позиција во категоријата Е2, натпреварувајќи се својот мотор „Хонда ЦРФ 450“.

Некогаш гевгеличани беа привилегирани да учествуваат, а голем дел и да ги следат мото-крос трките на патеката Милци кај Вардар, кои имаа ранг на Балкански Шампионат. Но, возбудата не чека. Анреј отиде со својата мото страст и ја совлада патеката „Забел“ во Старо Нагоричание, која му е добро позната и на која досега има „прелетано“ со својата „Хонда“ неколку пати, учествувајќи на неколку мото-крос трки.

Тоталното време со кое Андреј ја извоза трасата е 15:47 минути, За 10 стотинки побавен од него беше Давид Ристов од „Мото Велес“ кој се пласираше на второто место, а третопласиран е клубскиот колега на Андреј, од „Ендуро тим Водно“ Марко Златановски со време од 16 минути и 13 секунди.

Освен честитки, за Андреј, ова е пофалба дека и Гевгелија може да создава спортски резултати и државни прваци!

А патеката? Се состоеше од технички и брзински дел. Техничкиот дел во кој се балансираше и буквално и метафорички меѓу брзината и прецизноста, меѓу лизгавите борови иглички и стеблата дрва забиени попречно, и кратките правци кои дозволуваа краток спринт. Техника на баанс, брзина и контрола на мото снагата. Тао е страста која на патеката „Забел“ ја презентираа вкупно 15 мотоциклисти од Македонија. во класите Е1, Е2 и Е3.. Андреј е победник во класата Е2 и со тоа стана државен првак на Македонија за 2021 година.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.