Топ Новости

Новинарката Јорданоска после прележан ковид: Ова е ламја, ова е чума!

Вторник, 14 Декември 2021

- „20 дена изолација поради Ковид-19. Истече денеска. Конечно. Вакцинирана со две дози „Фајзер“.
Ова е она што можам да ви го кажам - ова е ламја, ова е чума“, порачува новинарката Мери Јорданосвска преку социјалните мрежи. За симптомите, тегобите и дилемаата дали вакцината штити од ковид таа ја изнесува следната анализа:

1. Ако за лесна клиничка слика, без да бидат дадени антибиотици, се смета температура над 37.5, кога ви е ладно како на -50, па потоа ви е топло како на +50, главоболки кои не се опишуваат, неможност да ја свртите главата без да ви се претумба собата пред очи, неможност да сфатите дали ве боли стомак, глава, мускули, коски, губење мирис (се врати само до некој степен), кашлица, замор како да сте орале нива, болки во грло, тахикардии, качување на притисокот, тогаш можете да замислите што се смета за средно-тешка или тешка клиничка слика.

2. Дали вакцината помогна да поминеме со полесна клиничка слика? Не можеме да знаеме. Но, јас никогаш не би ризикувала и не би се запрашала дали требаше да ја примам. Сето она што ми го кажа матичната, мојата Александра, на која ѝ симнувам капа, беше така. Точно знаеше како би се одвивале работите кај невакцинирани и кај вакцинирани, но сепак не пропушти да се јавува секој ден и да не прегледува секој трет ден. И таа за мене беше клучната алка во сиот овој процес.
Така што не 30 денари по пациент - и 30.000 денари по пациент се малку за оние матични лекари на кои кога ќе им кажеш дека си позитивен ти велат „доаѓај одма да те слушнам како дишеш“ и те прегледуваат со скафандер, визир и две маски, и не оставаат еден ден да помине туку-така, на случајност. Матичните лекари, оние кои си ја знаат работата, се клучните во овој процес.

Дали ќе поминев со ваква слика да не бев вакцинирана? Немам поим, но знам дека нема да зажалам што ја примив вакцината против Ковид-19, па макар истата помогнала и симптомите да се намалат за 50 проценти.

Мој искрен совет до сите. Ако имате проблеми со кардиоваскуларен систем или дијабет или било која друга хронична болест, не ризикувајте, вакцинирајте се. А ако веќе одлучите да не се вакцинирате, ве молам, пазете се максимално! Маска и дистанца!

Сите останати, кои ковидот го изедначувате со грип и негирате дека постои, не сте веќе дел од листата на мои пријатели. Вас ве сметам за несовесни и неодговорни, и кон себе и кон околината.
Секој може да се зарази, и вакциниран и невакциниран, тоа никој не го оспорува. Поентата е да поминеме што полесно.
Чувајте се! ❤

П.С. Ако се сомневате дека имате Ковид-19, не се потпирајте на тестовите од аптека. Петте теста што ги направив беа негативни. Направете си PCR тест, најмногу поради блиските со кои живеете во исто домаќинство.

Автор: Мери Јордановска - Фејсбук статус

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.