Дојран со најмала стапка на морталитет во државата и за време на пандемијата

Недела, 26 Декември 2021

Од сите 35 општини кои се под надзор на Институтот за јавно здравје на Македонија во врска со состојбата со ковид-19 во земјата општина Дојран е општина со најмала стапка на морталитет (смртност на 100.000 жители) која изнесува 154,1. Ова е најмала стапка и претставува добар податок за општина Дојран кога се работи за живот во услови на здравствен ризик од вирусот корона.

До вчера Дојран живееше со само само еден регистриран случај на активно лице заразен со вирусот SarsCiv-2, но со денешниот извештај на ИЈЗ-Скопје бројот на новозаразени се покачи за уште еден детектиран корона позитивен во Дојран,

Последната ковид статистика на ИЈЗ вели дека во земјата има 4.832 случаи на активни лица на вирусот. Од нив само двајца се жители на општина Дојран. Оваа општина има и најмал број на вкупно заразени до сега од почетокот на пандемијата (вкупно 174 лица) и општина со втора најмала инциденца (стапка на заразеност на 100.000 жители) која изнесува 5.331,3 (пред Дојран е Македонски Брод со инциденца 4802,6). Дојран е и општина со најмал број на починати лица како последица од корона (бкупно 5 од почетокот на пандемијата до сега).

Од трите јужни општини кои се под надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгелија, општина Гевгелија упорно се движи во распон од 80 до 90 активни лица во период од месец дена, следејќи секојдневно евидентирање на оздравени лица, но и новозаразени кои ја држат состојбата во здравствена присмортра на матичните лекари, ангажираност на тимот во ковид модуларната болница и лабораториите за тестирање.

Моменталната Ковид состојба во регионот на ЦЈЗ Гевгелија изнесува 116 активни случаи, а теритријалната разместеност е следна:
- Гевгелија во моментот е се 86 активни лица на ковид-19
- Богданци има 28 активни на вирусот
- Дојран во моментот има 2-ца активни на ковид-19.

Празничните групирања можат да ја променат корона сликата како во државата, така и во туристичкиот Дојран, затоа внимателно и со примена на анти-ковид мерките, од сегого од нас најодговорно.

 

Last modified on Недела, 26 Декември 2021 - 19:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.