Четвртиот ден од Новата година Гевгелија го дочекува со нови 23 лица заразени од коронавирусот, а вкупно 29 новозаразени во регионот на Центарот за јавно здравје во Гевгелија. Освен тоа денеска ја бележиме и 89-та корона жртва во Гевгелија, пациент на 82 годишна возраст. Ова е воедно и 210-та корона жртва во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија.
Двоцифрените извештаи беа одлика за Гевгелија во текот на ноември и првата половина од декември минатата година, но никако не ја надминуваа втората декада.
Денешниот корона број на заразени е рекорден и за државата - регистрирани се вкупно 1.197 новозаразени во последните 24 часа. Има регистрирано и 331 оздравени и 15 починати како последица од корона компликации. Бројот на активни случаи во државата се искачи на 5.667 лица.
Моменталната ковид состојба во регионот е следна:
- Гевгелија има 116 активни лица на ковид-19, (само денеска се детeктирани 23 новопозитивни, 9 оздравени и 1 починат);
- Богданци има 31 активни (5 нови случаи се од денешниот извештај на ИЈЗ);
- Дојран има 3 активни случаи на ковид-19 (денеска има регистрирано 1 новозаразен и 1 оздравен пациент од ковид-19).
Празничната раздвиженост, групирањата, славењата со друштво го носат данокот на несигурноста од контакт со вирусот.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место