Топ Новости

Бадникови хуманитарни пакети од гевгелиската Црква

Среда, 05 Јануари 2022

Големиот христијански празник Божиќ и предвечерието на Христовото раѓање, Бадник гевгелиската Црква „Св. Кирил и Методиј“ ќе го одбележи и со голема хуманитарна акција. преку доделување хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства.
Во тек е прибирањето донации од продулти кои треба да ја пополнат бадниковата трпеза на оваа категорија семејства од нашата заедница.

Според евиденцијата на Центарот за социјални грижи од Гевгелија таков социјален статус имаа 156 семејства. Сите тие според списокот на ЦСГ кој е веќе доставен до Црквата, утре, четврток 6 јануари, ќе може да појдат до „Св. Кирил и Методиј“ каде можат да го подигнат хуманитерниот пакет за празникот Бадник и Божиќ. Донаторските прилози ќе се доделуваат по списокот семејства доделен од Меѓуопштинскиот центар за социјални грижи - Гевгелија со почеток од 11 часот.

Организаторите на хуманитарната акција посочуваат дека хуманитарните бадникови паќети ќе се доделуваат исклучиво на семејствата од социјален ризик нотирани во списокот на ЦСГ, а не на посетители на Црквата, не на вработени во Црквата.

За багословена и благородна трпеза во секој православен дом.



Last modified on Среда, 05 Јануари 2022 - 20:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.