По вчерашната објава на грчката телевизија „Опен ТВ“ за издадени лажни ковид сертигикати на казино гости од Грција за влез во својата земја, Македонското МВР истиот ден стапи во акција .
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица - ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден (05.01.2022) по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран.
Извршени се претреси кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на Ковид 19, извршени претежно на лица од странство, одземен е електронски дневни (книга) на издадени сертификати за периодот од 19.12.2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица.
При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран. По насоки на јавен обвинител целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот, известуваат од МВР.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград
Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на
Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија
Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој
IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“
Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -
77 години СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија
СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го одбележа патрониот ден. Со низа
Лишен од слобода 52 годишен гевгеличанец
Вчера попладне, на 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници од ОВР
Поставен камен темелник на нов продажен центар на Мебел-Ви во Струмица
Македонскиот гигант во индустријата со мебел „Мебел - ВИ“ од Виница се
Општина Гевгелија и УНХЦР со помош за социјално-ранливите семејства
Моника Сандри, претставничката на УНХЦР во нашата земја при вчерашната посета
Златен медал за МК на Балканската математичка Олимпијада
Историски успех – Македонските средношколци се враќаат со златен медал од
Ковачевски: Ова е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА
Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со архиепископот охридски и
Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев' Негорци
Цвеќе за патронот, спортски игри и училишни претстави, се активностите со кои