Слободанка Дуева, (74) долгогодишен културен работник од Гевгелија, директор на Градската библиотека „Гоце Делчев“ од која позиција замина во пензија, денеска почина. Веста за загубата на нашата сограѓанка дојде од нејзините блиски, колеги со кои ги делеше пасиите во сферата на културата, за пишаниот збор, за поетските читања, за театарските постави, за гостувањата на културни работници и писатели во нашата Гевгелија. Taa беше еден од организаторите на поетското дефиле посветено на жената „За тебе љубов моја“ на која свои поетски дела читаа гевгелиски поети, а изведуваа ознати дела гевгелиските вљубеници на пишаниот збор.
Родена е на 12 мај 1948 година, во средината на минатиот век. Како пролетно дете уживаше во пролетта, цвеќињата и сето она што ја облагородува човечката душа. Беше сопруга, мајка, баба, вредна колешка, посакуван партнер во работа, верен пријател и сочувствителен човек.
Последниот поздрав и' го испратија бројни сограѓани на социјалните мрежи, меѓу кои и професорката по македонски јазик Даниела Џишева, која напиша:
- „На Слободанка Дуева (нашата тетка Данче)
Благословени се луѓето што те имаа за пријател. Затоа што ти беше поддршка, утеха и спокој, Ти беше поттик и подвиг. Ти беше светлина која ги топлеше нашите срца. Ти беше топол збор, искрена насмевка и верба. Ти беше мудрост. Со поглед во иднината, во дофат со новото. ТИ остана пример за Човек, слика за Жена, инспирација за Уметност. Замина без поздрав, тивко, онака како што минуваше и низ животот. Онака како што заминуваат големите луѓе. Вечна ти слава тетка Данче!“ беа последните зборови на опрост од колешката до Слободанка..
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските
Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и
Благодарница за ТППЕ-Гевгелија од СДСМ и коалицијата во Советот
За Денот на пожарникарите 20 Мај, денеска претставници на советничката група на
Пресудa за „ТНT“: 9 години затвор за Груевски, 3 години за Јанакиески
Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во
Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград
Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на
Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија
Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој
IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“
Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -