Топ Новости

Омикрон „експлодира“ и во Гевгелија - денеска 44 новозаразени во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Вторник, 11 Јануари 2022

Институтот за јавно здравје информира дена сојот „омикрон“ на ковид-19 е присутен веќе и во Гевгелија. Ова е 70 пати побрзо и полесно пренослив вирус за разлика од делта сојот, вели епидемиологот д-р Даниловски, па денеска состојбата експлодира со нови 1.964 заразени од ковид-19 во државата од кои 44 во регионот на ЦЈЗ Гевгелија.

Денешната ковид слика во регионот е 31 новоинфицирани со корона вирус и 2-ца починати како резултат на корона компликации во рамките на општина Гевгелија и 13 новозаразени во општина Богданци.

Моменталата ковид состојба во регионот е со 245 активни случаи на ковид-19 од кои::
- Гевгелија 196 активни на ковид-19;
- Богданци 42 активни на ковид -19;
- Дојран 7 активни (нема нови случаи денеска).

Корона експлозијата во државата се должи на се' поприсутната „омикрон“ верзија на коронавирусот.

За пет дена од 05-10.01.2022, направени се испитувања на 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2,,а во 104 од нив (68 проценти) е детектирана Омикрон варијантата., покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

- „Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – седум, Тетово – шест, Велес – пет, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по еден заразен“, се наведува во извештајот.

Последниот сој на ковид 19 се шири со брзина на светлината, иако повеќето го поминуваат со лесна клиничка слика. За разлика од делта сојот, кај овој вирус е за 90 посто намалена хоспитализацијата и смртноста.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана

Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни

Повеќе

МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно

Повеќе

Приведени 18 лица во Стар Дојран

Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност

Повеќе

По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов

- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на

Повеќе

Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет

- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас

Повеќе

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.