Топ Новости

Трет ден „галоп“ на омикрон во Гевгелија и во државата

Четврток, 13 Јануари 2022

Веќе трет ден дневните ковид извештаи на Институтот за јавно здравје известуваат за 40-на новозаразени во регионот на Центарот за јавно здравје Гевгелија, и по безмалку 2.000 новозаразени во рамките на државата.
Таквата состојба ја направи напната атмосферата во Општа Болница Гевгелија каде веќе се бележи навала од ковид пациенти. Дневниот прилив за прегледи на позитивните и утврдување на дневна терапија е неколку кратно зголемен, а капацитетите за болничко сместување се 100% исполнети, изјавува директорот на гевгелиската болница, д-р Митко Крџев.
- „Со оглед на тоа што повеќето пациенти се со лесна клиничка слика која е карактеристична за сојот омикрон на коронавирусот, модуларниот ковид центар е наменет за дневна терапија на ковид пациентите, а болничкиот третман се изведува во Нервното одделение на Болницата, кое деновиве е наменето за оваа категорија пациенти“, потенцира Крџев..

Денешната ковид слика во регионот на ЦЈЗ е седна:
- Гевгелија има 231 активни на ковид-19 ( 28 новозаразени се утврдени денеска);
- Богданци има 52 активни случаи на ковид-19 (од денеска 9 новозаразени), и
- Дојран има 9 активни ( еден новозаразен е евидентиран денеска).

Вкупниот број на ковид активните во регионот на ЦЈЗ Гевгелија е 292 лица.
Денеска Гевгелија бележи и еден смртен случај на ковид пациент згрижен во ковид одделението во Општа Болница Гевгелија. Се работи за женско лице од постара возраст. Ова е 92-ра ковид жртва во Гевгелија, односно 113-та ковид жртва во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија. Смртта настапи после доставата на дневниот ковид извештај на Општа Болница Гевгелија до ИЈЗ и истата ќе биде евидентирана во утрешниот извештај на Институтот за јавно здравје за 24 часовната ковид состојба во Македонија. 

Императив за заштита на граѓаните од коронавирусот и понатаму е вакцинацијата. Вакциналниот пункт и понатаму е активен, со тим на лекар и медицински персонал и овде дневно се изведуваат и примарните и бустер вакцинациите. Најголем интерес кај граѓаните е за третата бустер доза која се изведува со вакцината „Фајзер“. Бројот на бустер вакцинираните во Општа Болница Гевгелија се приближува на речиси 3.000 лица.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.