Топ Новости

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Петок, 14 Јануари 2022

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот календар, а на 14-ти според новиот се слави Василица и Стара нова година.

Многу обичаи се поврзани со овој ден.
На многу места се палат бадниковите гранчиња, некаде се замесува посебен обреден леб - василица, во спомен на Свети Василиј Велики. Некои тоа го прават вечерта пред Василица.
Кај нас за Василица се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, се пејат василичарски песни во кои треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палење на оган кој треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.

Низ многу места во Македонија одат машки братства наречени Василичари, Суровари, Голомари... и разни други групи кои ја бркаат гладта и болестите и носат плодност во семејствата, во куќите, во полето и во шумите. Во некои краеви се пејат еротски песни за да ја засилат плодноста и на луѓето.

Во гевгелиско познати се русалиските машки играорни групи кои со дрвени мачеви изведуваат игри со кои ги истеруваат лошите духови за заштита на луѓето и населбите. Такви имало во Миравци, Смоквица, Петрово, а галеријата која ја приложуваме подолу е од русалиски групи од Горничет, во втората половина од минатиот век, 1968-1971 година. Фото архива од семејството на Ѓорге Венов.

Верувањата за овој ден се дека денеска треба да избегнувате кавги за да не се карате цела година.

„Сурова, сурова година, Весела, весела година,
Голем клас на нива, Голем грозд на лоза,
Црвено јаболко в градина, Живо, здраво дете до година,
До година – до амина!“

 

Last modified on Петок, 14 Јануари 2022 - 15:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана

Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни

Повеќе

МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно

Повеќе

Приведени 18 лица во Стар Дојран

Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност

Повеќе

По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов

- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на

Повеќе

Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет

- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас

Повеќе

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.