Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на противпожарна опрема од Амбасадата на Германија во Р.С.Македонија, наменета за зголемување на ефикасноста на пожарникарите во справувањето со пожарите на отворен простор.
Донацијата се состои од:
- Моторна пила за дрва „Штил 18“
- Пумпи за прскање на вода;
- Мотор за вода;
- кондури за пожарникарите,
- Црево за гаснење пожар,
- заштитни маски
- Филри за заштитните маски;
- клучеви за хидранти надземни и подземни;
- радиостаници „Бауер“, 8 парчиња.
Целата донација е во вредност од над 4.000 евра и веќе е во владение на ДППД „Дојран“ од Дојран.
Претседателот на ДППД Стојан Шулев вели дека е ова неопходна помош за обавување на доброволната дејност на друштвото кое постои од 2000 година и брои 15 доброволци. Сите биле секогаш на ниво на својата задача да интервениаaт најбрзо на огнените закани било кога е во прашање јавниот простор, приватниот имот, урбаните градби и да се спречат опасности од пожари на подрачјето на општина Дојран.
Освен Дојран, помош од Германската амбасада добија и Доброволните противпожарни друштва од Свети Николе и "Бајрам Мифтари" од Чаир, Скопје. Трите друштва заедно примија опрема за справување со шумски пожари, пожари во урбани зони и домаќинства, сето со вкупна вредност од 22.900 евра.
Image Gallery
https://gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=6804:donacija-od-germanska-ambasada-za-dppd-dojran&Itemid=663#sigProGalleria3131a5f35e
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана
Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни
МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно
Приведени 18 лица во Стар Дојран
Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност
По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов
- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на
Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет
- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.