Д-р Матх: Критична е омикрон состојбата во Гевгелија

Среда, 19 Јануари 2022

- „Лажни се информациите дека сојот омикрон е лесна настинка. Сојот делта и сојот омикрон буквално убиваат. Затоа апелирам граѓаните да се придрживаат на мерките. Делта и омикрон убиваат. Болниците во Скопје се преполни, Клиниките се преполни, оние што ни' се потребни за тешките клинички случаи па така остануваме на самите себе (лекарскиот тим при Општа Болница Гевгелија)“ - алармира д-р спец. интернист Патрик Матх, раководител на тимот кој во гевгелиската болница се бори со ковид-19 заканата во Гевгелија и во регионални рамки.

Ова се неговите искажувања, оценки и апели изречени на вчерашниот состанок на Општинскиот кризен штаб во Гевгелија.

- „Состојбата со омикрон заразените во Гевгелија е сериозна, да не речем критична. Во моментот во Гевгелија има 6 заболени пациенти со тешка клиничка слика, и уште 6 пациенти на Инфективна клиника во Скопје од кои 3-ца се на респиратор. Омикрон сојот бара болнички третман. Ако гледате телевизија знаете дека Австралија ги полни болниците со пациенти со омикрон сој на заразување“ - вели д-р Матх.

Интернистот Матх ја оценува и бројната состојба на заразени од ковид-19 во Гевгелија и вели дека таа е 10 кратно поголема од онаа што секојдневно ја известуваат официјалните служби. ИЈЗ дневниот ковид биланс за регионот на ЦЈЗ Гевгелија известува дека е околу 50-на лица дневно. Домашните контакти, самостојните брзи тестови од аптека кои остануваат надвор од евиденцијата на ИЈЗ според д-р Матх ја прават ситуацијата во Гевгелија алармантна со постоење на илијадници ковид-19 заразени во Гевгелија и регионот.

Дневниот ковид центар е преполн, ковид одделението е преполно, лекарскиот тим е преморен со двегодишното темпо на соочување со ковид заразата, вели докторот специјалист кој се грижи заковид пациентите во гевгелиското ковид одделение.

- „Најсериозно им кажувам на граѓаните и делта и омикрон сојот убиваат, значли се смртоносни и најсериозно тврдам дека такви нешта ќе ни' се случуваат во следните две три недели доколку не превземеме мерки на заштита“ - дециден е д-р Матх.

Опасноста од омикрон бара почитување на протоколите и анти ковид мерките заради заштита на граѓаните и јавното здравје и секако вакцинирање, бидејќи 80% од лицата кои бараат лекарска помош се невакцинирани против ковид, велат од Општа Болница Гевгелија.

Петдекдниот број на дневно заразени од корона ги алармира здравствените работници кај нас како и надлежните во Кризниот Штаб на општината, заради што препорачаа доследно почитување на ковид мерките од сите чинители на јавните дејности (угостители, јавен превоз, образование, маркети, трговски продавници) како и од граѓаните, секој поединечно.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.