Младите фудбалски надежи од ФК „Џокер“ Фурка, генерација 2007 учествуваа на меѓународен фудбалски турнир „Шампионат Јуниор“ во Босна и Херцеговина и во својата генерација освоија трето место.
На турнирот учество зедоа 296 екипи од осум земји (Шведска, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина). ФК „Џокер“ Фурка беше единствена екипа од Македонија и ја претставуваше нашата држава. Се одиграа 598 натпревари за екипните состави од сите девет генерациски групи, oд 2007 до 2015 генерациска година.
Овoj фудбалски меѓународен турнир го следешe илијадна публика на навивачи, родители и лубители на спортот од градот домаќин, Сараево.
Патот на ФК „Џокер“ до пехарот за освоено трето место одеше преку следните резултати на терен:
Натпревари во групна фаза:
Џокер (MK) - Jadran - Stari Grad (HR) 0:2
Џокер (MK) - NK Radnicki Cazin (BiH) 7:0
Прво место во групната фаза и влез во 1/8 финале.
Џокер (MK) - FK Jedinstvo B.P. (MNE) 4:0
Обезбеден пласман во 1/4 финале.
Џокер (MK)- NK Postira Sardi (HR) 4:0
Пласман и во 1/2 финале..
Џокер (MK) - FK Baton од Сараево (BiH) 3:0
Натпревар за 3-то место:
Џокер (MK) - NK Krizevica (HR) 2:0
Полуфинале:
Џокер (MK) - AF Montevideo (SR) 0:0 -пенали 2:3
Од управата на ФК „Џокер“ изјавуваат: - „Вреди да се спомене, дека освен најпрвиот натпревар кој беше во групна фаза, поради приватни причини го загубивме со 2:0, па потоа бевме екипа без да примиме гол во нашата мрежа се до крајот на турнирот. Загубивме и во полуфинале без примен погодок во игра. Доколку игравме финале, бидејќи од финалистите се избираат поединци, ние требаше да имаме најдобар стрелец, играч и голман. Сепак спортот понекогаш е суров и мора да го прифатиме моментот во кој се наоѓаме“
За нив е утеха дека од трибинте добивале огромна поддршка и аплаузи од публиката, па споменуваат:
- „На излегување од теренот публиката беше на нозе, тие ни' аплаудираа и бодреа со заеднички глас "вие сте шампионите кои ги освоија нашите срца" - додаваат од ФК „Џокер“.
Image Gallery
https://gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=6821:fk-joker-furka-tret-na-megunaroden-turnir-vo-bih&Itemid=671#sigProGalleriaf4ef18d7b2
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Реакција на Левица - Гевгелија
„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни
Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија
Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на
Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН
Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се
Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран
Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални
Приведен грчки државјанин на Богородица
Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските
Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и