Најнов омикрон рекорд: 63 новозаразени во Гевгелија, вкупно 75 во регионот на ЦЈЗ

Петок, 21 Јануари 2022

Омикрон пикот и понатаму изненадува со нови рекорди во Гевгелија и на југот.
Денеска ИЈЗ известува за 75 новозаразени во регионот на ЦЈЗ Гевгелија од кои 63 во Гевгелија, 10 во Богданци и 2 во Дојран, во општински рамки.
Тешката слика за инциденцата на омикрон сојот ја отежнува и податокот за едно починато лице од Гевгелија, пациент на 59 годишна возраст.
Цела втора декада од јануари Гевгелија се котира на 6-то место по број на новозаразени од сите 35 општини во државата.

Во државата денеска бројот на новозаразени е најголем до сега и изнесува 2.071. Регистрирани се и 11 починати лица.

Најновата ковид состојба во регионот - надмината е и 400-та, со денес регистрирани 417 активни случаи во регионот на ЦЈЗ Гевгелија. Теритријалниот распоред на активните е следен:
- Гевгелија има 332 ковид активни;
- Богданци денес живее со 72 активни на ковид-19,
- Дојран им 13 ковид-19 активни случаи.

Во рамки на државата активните лица од ковид-19 се искачи на 19.714 лица.

Здравствените експерти од Општината апелираа и предупредуваа дека омикрон сојот е помеѓу нас и дека е лесно пренослив, но и смртоносен, потсетувајќи ги граѓаните на доследна примена на антиковид мерките, носење заштитна маска, држење дистанца и често миење раце.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.