Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Среда, 26 Јануари 2022

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во Скопје доделена е годинашната „Цветинова награда за мир“ на проф. д-р Олга Мурџева Шкариќ, македонскиот психолог и универзитетски професор..

Олга Кирилова Мурџева-Шкариќ дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1967). Магистрирала на Универзитетот во Париз (1973), а докторирарала на Филозофскиот факултет во Скопје (1983). Работела како клинички психолог (1969-1972), а од 1973 година е вработена на Филозофскиот факултет во Скопје. Основоположник е на Институтот за психологија (1974), на Балканскиот центар за проучување на мирот (1993), на Студиите за мир и развој при Филозофскиот факултет во Скопје (1997), како и на научните дисциплини развојна психологија, психологија на родот и трансформирање на конфликтите.

– „Преку едукацијата за мир најголема промена која се очекува е сознанието дека Мирот почнува од мене! И најдолгиот пат почнува со првиот чекор“ вели добитничката Олга Шкариќ..
Живко Поповски-Цветин има широки полиња на цвеќиња за мирот. Не знам кое цветче било прво, но знам дека во август 1995 година јас носев по четири слики цвеќиња на мирот и книги, подарок од Живко наменети за миротворци од предучилишните организации во склоп на ОМЕП на Јапонија. Два цртежи ги подарив во Јокохама, еден на ОМЕП и еден на здружението „Харунире“ (Млади мајки). Потоа на 6 август, во 8.15 часот, присуствував во Хирошима на комеморација во Меморијалниот парк на мирот, по повод 50-годишнината од фрлањето атомска бомба (1945 – 1995). И таму ги подарив останатите два цртежи Цвеќе на мирот. Едниот цртеж го примија во гимназијата каде на тој ден од атомската бомба согореле 350 гимназијалки и професори. Мошне трогнати, сликата ја поставија на видно место и изјавија дека ќе ја користат на државните и меѓународните самити кои ги организираат. Другата слика на Универзитетот во Хирошима на студиите за мир ја предадов на 70-годишната пензионирана професорка Масоко Соџи (1925-1998). Беше една од ретките хибакуши која ја преживеа атомската бомба. Таа ни' приреди свечен ручек и ми ја подари нејзината книга „Воспитание за мир – водич за родители“. Во реката Ота пуштив фенер за покој на душата на Садако, (10-годишно девојче кое додека било во болницата верувало во легендата дека ќе оздравее, ако направи 1000 жерави, света птица во Јапонија! Како и мнозина други, починала од леукемија – болест на атомската бомба). Не стигнала да направи 1000 жерави, но тоа го направиле во нејзиното одделение, кои потоа за неколку години собрале и изградиле голема статуа на Садако во Меморијалниот парк. Кога се вратив во Скопје почнавме во некои градинки да изработуваме 1000 оригами-жерави за мирот во чест на Садако – изјави по повод денешниот настан и инспирацијата за МИР добитничката Олга Мурџева-Шкариќ за „Нова Македонија“.

Мурџева-Шкариќ раководела низа проекти на меѓународните организации УНЕСКО, УНИЦЕФ, УНДП, ТЕМПУС, ОМЕП и ИПРА. Меѓународен експтерт е во областа на развојот на рамноправните односи меѓу половите и развојот на културата на мирот и ненасилството. Објавила повеќе трудови, учебници и прирачници.

– „Живко Поповски-Цветин (1944) бил кандидат за нобеловата награда 2009 и не ја добил, ама признание е што бил избран во тесниот круг на првите пет од 205 кандидати!
И еве сега, почнувајќи од 24 октомври 2021, во Македонија Живко Поповски доделува Цветинова награда за мир! За мене таа е повеќе од Нобелова награда. Голема чест. И уште поголема обврска! Бидејќи, јас, големата миротворка, често кога сум легната под сенка, се фаќам себе си како пеам војничка песна! Затоа, потребно е големо внимание да не се посрамоти оваа голема награда и доверба! И, ајде, да се свртиме кон заедничко миротворење и кон ширење на кругот миротворци. Патот до мирот е само преку мирот“ – додава Мурџева-Шкариќ.

Извор: Нова Македонија

 

 

Last modified on Среда, 26 Јануари 2022 - 20:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските

Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.