ЦЈЗ Гевгелија: 135 оздравени, 44 новозаразени, 1 починат

Четврток, 27 Јануари 2022

Најголем број на оздравени во едно деноноќие во регионот на ЦЈЗ Гвгелија се регистрирани денеска, вкупно 135 лица. Територијалната разместеност на оздравените е 103 лица во Гевгелија, 25 во Богданци и 7 во Дојран, во општински рамки.

Денеска стапија во сила новите рокови за 7 дневна изолација на ковид позитивните лица, без симптоми за кои не е потребна хоспитализација, по поголем број од првично позитивните пред недела дена денеска се преселија во графата „оздравени“ во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Сепак, инциденцата на заразата продолжува да се шири во регионот со нови 44 заразени, од кои 34 се во Гевгелија, 9 во Богданци и 1 во Дојран.

Во црниот ковид биланс од 27 починати во државата евидентирани со денешниот извештај на ИЈЗ, стои и една ковид жртва од Гевгелија. Пациентот на возраст од 39 до 90 години е регистриран во системот „мој термин“ во периодот од 17.01.-25.01.2022 година, заедно со уште 4 пациенти од Охрид, Скопје и Прилеп.
)ва е 103-та ковид жртва во Гевгелија, а 128-ма во регионот на здравствена надлежност на ЦЈЗ - ПЕ Гевгелија и Општа Болница Гевгелија.

За сериознста на состојбата со ковидот во регионот реагираше и директорот на ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ уште на состанокот на Кризниот Штаб во Гевгелија кога навести дека капацитетите во ковид одделението се преполни, дека се' поголем број млади лица се јавуваат за здравствена и болничка помош, и го наведе примерот на пациентка од 39 години со коморбидитети која е примена во болницата со тешка клиничка слика и кислородна поддршка како резултат на заразата со корона вирусот.

Глаавниот кризен штаб во државата и понатаму ги наведува заштитните мерки од короната како примарни за однесувањето на граѓаните: носење заштитна маска во затворен простор и на отворено ако дистанцата од 2 метри не може да се обезбеди, често миење раце, и физичка дистанца од 2 метри.

Денеска во државата регистрирани се 7.273 оздравени лица, има 1.861 новозаразени, а бројот на активни на ковид-19 спадна на 16.442 лица.

Моменталната состојба во регионот на ЦЈЗ Гевгелија е458 позитивни на вирусот ковид--19 со седната дистрибуција по општини:
- Гевгелија има 368 активни на вирусот SarsCov-2
- Богданци има 79 позитивни на коовд-19 и активни
- Дојран има 11 активни.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.