Гевгелиската мисица Ана на избор „Мис Европа“ во Бејрут

Сабота, 26 Февруари 2022

Долгоногата убавица од Гевгелија и носител на шест титули мис деновиве престојува во Бејрут каде се подготвува за интернационалниот настап на изборот за убавина „Miss Europe“ за 2022 година.
Изборот се одржува овој понеделник, на 28 февруари во Бејрут, Либан.

Квалификација на Ана за овој избор беше на 16 овој месец, а деновиве дознаваме дека Модното студио „Црнокрак“ кој ја поседува лиценцата за Македонија за учество на овој најголем европски избор за убавина, какндидирал уште една претставничка од Македонија. Тоа е Мија Стерјовска (18) од Скопје.

Убавината и искуството на Ана Брзанова (22) која веќе пет години се занимава со моделинг и учество на избори за убавина се фактор плус за „освојување“ на Европската круна за убавина.

Таа беше избрана за „Топ модел Македонија“ уште во 2019 година, „Мис Глоуб Србија“ следната 2020 година, како и „Мис на Евроазија“, во Србија 2021 година, потоа уште една освоена титула истата година „Miss Earth North Macedonia“ 2021 и учествуваше на меѓународниот избор „Miss Earth 2021“.

Финалистките веќе две недели се во Бејрут, каде се подготвуваат за големото финале.
Среќно Ана! Среќно Мија!

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.