Азоцијацијата на приватните лекари во Република С.Макдонија за утре, петок 4 март 2022 закажува нов протест втор по ред на матичните лекари од државата.
Оваа одлука за протест и искажување незадоволство за нивната состојба како примарна здравствена дејност е едногласно донесена од Управниот одбор на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛРМ) кое се одржа на 27 февруари годинава.
Одлуката за протест е чин на незадоволство од неисполнување на ниту едно од барањата на матичните лекари упатени до Министерството за здравство и Фонд за здравствено осигурување на РСМ. По одржаната средба со заминик министерот за здравство, претставник на Лекарската Комора на Македонија и претседателката на ЗПЛРМ д-р Дервишева беше договорено сите прашања и барања на лекарите да се разгледуваат во посебни комисии. Комисиите беа формирани, но не се испорача конечен резултат.
Последната средба во истиот состав меѓу чинителите во здравството донесе договор сите барања на лекарите да се испорачаат како барања на Коморите (Лекарската Комора и новоформираната Комора на приватни и матични лекари).
Бидејќи процесот на договарање административно се усложнува, приватните матични лекари сакаат уште еднаш да алармираат за состојбите во примарното здравство и за утре закажуваат мирен протест. На денот на протестот лекарите, матични лекари нема да се пријавуваат на системот „Мој термин“ и нема да издаваат упати и рецепти, туку ќе работат само при прием на итни случаи.
- „Дадовме доволно рок од 14 дена од претходниот протест барем нештата да се придвижат. Но, МЗ и ФЗОМ не покажаа никаков слух нити разбирање за нашите проблеми. Остануваме цврсто и сложно на нашите барања и не отстапуваме од истите. Се работи за опстанок на примарното здравство“ - одговори др Христина Прошева, координатор на Здружението на матичните лекари за Гевгелија, Богданци и Дојран.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место