Короната попушта - 43 активни лица во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Среда, 09 Март 2022

Од трите јужни општини под надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгелија смо уште две општини се соочуваат со короната, додека општина Дојран веќе две недели е единствена општина во државата без ниту еден активен случај на ковид-19.

Во моментот Гевгелија и општина Богданци заедно имаат 43 ковид активни лица и се' уште се на листата корона активни опптини:

- Гевгелија има 38 активни на ковид-19 во моментот (евидентирани се денеска 5 новозаразени и 4 оздравени од ковид-19. Вчера Гевгелија го регистрираше 116-тиот смртен случај какопоследица на компликации настанати од вирусот корона во организмот);
- Богданци - 5 активни ( денеска евидентиран 1 нов случај на ковид инфицирано лице и 1 оздравен од ковид-19);
- Дојран - нема корона заболени (од вкупно 339 заразени во текот на епидемијата 331 оздравеле, а 8 завршиле со смртен исход).

Во рамките на државата се бележи опаѓање на ковид активните случаи со евидентирани 2.230 лица во 34 општини низ државата за кои евиденција за состојбата со ковид заразата води Институтот за јавно здравје на РСМ. Бројот на новоинфицираните за последните 24 часа изнесува 292 лица,починале 7 лица од корона компликации, а оздравеле 303 лица. Бројот на оздравените на дневно ниво денеска е поголем за 103% во однос на бројот на новоинфицираните, што е индикатор дека вирусот слабее и се наѕира излез од последниот ковид бран.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.