Короната во залез - Гевгелија ја регистрираше 120 корона жртва

Понеделник, 21 Март 2022

Со денешниот извештај на Институтот за јавно здравје-Скопје за корона состојбата во Македонија се гледа дека епидемијата го губи залетот и е во осетно опаѓање.
Денеска се регистрирани 64 новозаразени во само шест општини во државата, а бројот на оздравените е 296 регистриран во 25 општини. Тоа значи дека инциденцата е во опаѓање, а шиењњето на бројот на оздравените е над четириипол пат поголем и по бројот на лица кои се новозаразени, а четирикратен пораст бележи и бројот на општините каде е регистрирано зголемување на бројот на оздравените лица од средбата со короната.

Гевгелија денеска ја бележи 120-та ковид жртва. Тоа е 63 годишен пациент заведен во системот „Мој термин“ заведен како починат со дијагноза Ковид-19, настаната во периодот од 05 до 12.03.2022 година.
Со тоа Гевгелија има највисока стапка на леталитет (смртност како последица од корона) во регионот на ЦЈЗ Гевгелија со индекс 2,8%. Богданци и Дојран кои исто така припаѓаат на регионот на ЦЈЗ имаат забележано исти стапки на леталитет од 2,3%, со тоа што бројот на починатите од корона во Богданци е 23, а во Дојран вкупно 8 лица.( Стапката на леталитет се изразува спрема 100.000 жители).

Моменталниот број на ковид активни лица во регионот на ЦЈЗ Гевгелија 32 лица, од кои 26 се од Гевгелија, а 8 од општина Богдаци. Дојран е веќе месец дена без ниту еден новозаразен од корона со „0“ (нула) активни лица.

Веќе една недела во државата, освен вчерашниот ден недела, бројот на активните од ковид-19 е под 2000, а денеска изнесува 1.890 активни лица на ковид-19. Короната очигледно го изгубила залетот, пикот е надминат, а затишјето од болеста се' поизвесно и посакувано.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.