На училиште без маски, за средношколците се предлага исто

Среда, 30 Март 2022

Основците без маска на училиште, укинати редарските служби кај угостителските оператори, зголемен процентот за исполнетост на капацитетите од 50 на 70% кај угостителите, за затворен простор се' уште важи приложен доказ за вакцинација, или прележан ковид - ова се одлуките на Владата донесени на синоќешната седница на предлог на Комисијата за заразни болести.

Учениците во основните училишта веќе нема да носат маски. Владата го прифати предлогот на комисијата за заразни болести, да се олеснат дел од ковид мерките, кои важеа за учениците во основните училишта.

Основницте ќе можат да одат на настава со физичко присуство, без задолжително да носат маска. Одлката стапува на сила од денеска, и важи сé до доставување евентуален нов предлог од комисијата за заразни болести.

Оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат маска во училиште. За наставниците и останатите вработени во училиштата, останува препораката за носење маски.

Оваа одлука се однесува на основните училишта, а комисијата за заразни болести предлага истото да се однесува и за средношколците. Дополнително треба да одлучи Владата.

Освен ова, на вчерашната владина седница прифатени се и предлозите на комисијата на зразни болести, да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50%, на најмногу до 75%, со задолжително носење на маски за културни настани. Театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци и конференции.

Владата донесе одлука и да се укине обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори. Се укинува и задолжителната потврда за вакцинација, за посета на угостителски објекти на отворено. За затворените делови останува обврската за задолжителна потврда за вакцинација или за прележаност од ковид.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.