Со еден оздравен пациент од ковид-19, општина Дојран по втор пат за 40 дена излегува победник од последниот корона бран во државата кој беше со застапеност на омикрон сојот.
Дојран од 4 април има „НУЛА“ случаи на корона, т.е. нема ниту еден инфициран од коронавирусот од жителите на општината.
Освен Дојран со намалувањето на корона кризата и осетно зголемениот број на оздравени случаи во државата веќе пет општини немаат ниту еден заразен со корона вирус во рамките на државата. Тоа се општините: Дојран Пехчево, Македонска Каменица, Демир Капија и Пробиштип.
Во регионот на Центарот за јавно здравје Гевгелија освен 1 оздравен жител на Дојран во последните 24 часа се евидентирани и 3-ца оздравени во Гевгелија и 2-ца во Богданци и ниту еден нов случај на заразен пациент од ковид-19.
Моменталната корона состојба е следна:
- Вкупно 19 активни случаи на ковид 19 во регионот на ЦЈЗ Гевгелија;
- Гевгелија има 17 активни случаи,
- Богданци има 2 активни случаи на ковид-19,
- Дојран „0“ случаи.
На ниво на држава бројот на активни изнесува 1.566 лица.
Од почетокот на април Општа Болница Гевгелија ја затвори модуларната ковид болница. Останатите познати активни случаи користат дневна терапија во дневниот ковид центар, а за новите случаи или граѓани кои се сомневаат на силмтоми на ковид-19 е задолжена да постапува екипата на Итната медицинска помош при гевгелиската Болница.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.
РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е
Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија
Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од
Трговците во туристичките места ќе работат и во недела
Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се
Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“
Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати
Уапсен млад гевгеличанец
Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР