Топ Новости

ЦК Гевгелија - Нега на стари лица во нивниот дом

Среда, 06 Април 2022

Нова услуга на Црвениот Крст Гевгелија во соработка со ЦК на РС Македонија и Austrian Development Cooperation - пружање грижа и нега за стари лица и лица со попреченост од сертифицирани и професионални негуватели во домот на корисникот на услугата.

Ова новина претставува пополнување на растечките потреби за грижата на возрасните членови од нашата заедница кои не се во цутот на младоста, припаѓаат на категоријата стари лица, лица со здравствени проблеми кои живеат сами, или подолг период од денот се без близок од семејството. За нив, како и за лицата со попреченост, за сите лица кои не се во можност да се грижат и живеат самостојно. предвидено е професионална нега со едуцирани негуватели.

Услугата има комерцијален карактер и се нудат различни временски пакети по избор на корисникот, предвидени за еден месец:
- Пакет од 40 часа (месечно) - 7.500 денари
- Пакет од 80 часа - 12.500 денари
- Пакет од 160 часа - 22.500 денари

Црвениот Крст ОО Гевгелија досега во соработка со ЦК Струмица упатил на едукација за нега во домот вкупно 19 лица и сите се стекнале со сертификат за нега на стари лица или лица со попреченост во домот на корисникот.

Кои се обврските на негувателот откако ќе го примите во домот:
- Дава услуга помош и нега во домот на стари лица над 65 години и лица со попреченост;
- Дава психосоцијална поддршка и дејствува при прашања кои ги засегаат потребите на корисникот во рамките на своите компетенции;
- Помага во борбата со осаменоста преку бројни активности (разговор, читање, или играње на игри за забава);
- Се грижи за безбедноста на корисникот и го поддржува во секојдневните активности (пазарење, одржување на хигиена, подготовка на оброк и хранење, помош и поддршка при движење, промена на пелени, промена на постелнина).

Доколку имате потреба за грижа на некој од вашето семејство на неколку часови во текот на денот од страна на обучен негувател ваквата услуга можете да ја нарачате на тел. број 076-263-885.

- „Направете го правиот избор кога станува збор за вашите најблиски!“ - порачуваат од Црвениот Крст во Гевгелија.

Last modified on Среда, 06 Април 2022 - 20:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули

Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е

Повеќе

Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија

Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од

Повеќе

Трговците во туристичките места ќе работат и во недела

Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се

Повеќе

Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“

Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати

Повеќе

Уапсен млад гевгеличанец

Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.