Намалувањето на ковид бариерите, укинувањето на ковид мерките за влез во државата, како во Македонија, така и кај соседна Грција, ги отвори границите за туристички промет помеѓу двете соседни земји. Најевидентно е враќањето на грчките потрошувачите низ пазарот, маркетите, бутиците, фризерниците во Гевгелија.
Репортажата на „360°“ направена средината на април регистрира присуство на грчки шопинг туристи и дентални пациенти во Гевгелија.
- „Гевгелија не живее само од македонските туку и од грчките потрошувачи“ - вели анкетирана гевгеличанка.
- „Тешко беше кога не можевме да доаѓаме во Гевгелија, а доаѓаме само да ги видиме нашите пријатели овде. Секеко и да си направам фризура“ - вели задоволна гркиња во посета на Гевгелија после долгите корона мерки кои го отежнуваа патувањето меѓу двете земји.
- „Полека, полека се враќаат луѓето. Не ги растуривме врските,.Се' е добро“ - вели грк кој станал жител на Гевгелија и гевгелиски зет.
Проследете ја кратката репортажа. Ќе констатирате раздвиженост на соседите кај нас, иако ги нема регистрирано посетите на казината, бензинските кои се исто во прилог на локалната економија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.
РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е
Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија
Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од
Трговците во туристичките места ќе работат и во недела
Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се
Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“
Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати
Уапсен млад гевгеличанец
Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР