Славка Чрчева, сопруга и партнерка во дует со Томе Чрчев, почина вчера, еден ден пред четиригодишнината од упокојувањето на својот животен сопатник. Денеска роднините, пријателите и почитувачите ја испратија до вечното почивалиште во Скопје, кај нејзиниот Томе.
Во 60-те години на минатиот век, Славка и Томе (роден во Богданци) стапија во брак и ја започнаа својата музичка кариера како дует.
Во 1965 год. во Белград ја снимаат првата сингл плоча „Прошета се мома низ нова градина“, „Седенка се збира“ со оркестарот на Кочо Петровски, и од тогаш ја промовираат македонската народна песна низ целата држава и надвор во дијаспората.
Во 1986г. дуетот Чрчеви ја снима народната песна „Мајко една си на светот“ која е продавана во повеќе од 100.000 примероци во цела Југославија заради што добиваат почесна награда - „Златна плоча“.
Заедно настапуваа на Фолк Фест Валандово 1992 година со песната „Китка аберлија“.
Во 2015 год. дуетот Чрчеви добива награда за животно дело од радио Роса.
Славка Чрчева беше погребана денеска во Скопје до својот сакан Томе.
Во нивен спомен дел од музичките изведби, кои се сведоштво на едно време, на една распеана младост.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.
РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е
Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија
Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од
Трговците во туристичките места ќе работат и во недела
Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се
Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“
Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати
Уапсен млад гевгеличанец
Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР