Топ Новости

Благица од Богданци - прва жена професионален возач на камион од југот на МК

Вторник, 03 Мај 2022

Благица Тасевска од Богданци е млада личност која започнала професионален живот „возач на камион“ и е прва со лиценца за тешки возила на овие простори. Таа е една од ретките жени во Македонија што руши стереотипи и работи како професионален возач на камион. Вели дека не и' пречи што запловила работно во свет кој традиционално важи за машки, се' додека во него таа може да биде жена. Не мора да се преправа, да манипулира, туку патиштата се нејзини додека таа е зад воланот на својот повеќетонец на тркала.

- „Професијата ја наследив од татко ми, сите беа скептични дека ќе се справам со толкаво возило“ - вели Благица.

За случајните минувачи жена возач на камион е чудо невидено, а колегите многу ми помагаат, иако првиот ден беа изненадени дека жена ќе вози“ - вели првата жена шофер од Богданци, градот на автобусите, камионите, цистерните, градот кој со децении беше еден од главните транспортери во поранешна Југославија со тогаш моќната фирма „МЛАЗ“ од Богданци.

Во минатото Благица возела само низ Македонија, а во последните два месеца почнала и со меѓународни транспортни тури, во земји низ странство. Сама и самоуверена таа е препуштена на довербата во својата машина, со условите на патот, со временските погоди и непогоди, и на сонце и на дожд, но и во услови на снег таа управува со камионот и ја работи својата работа, подеднакво добро како и мажите возачи.

Својот професионален продор го направила во 2017 година со стекнувањето на Возачка дозвола за камион. Немајќи работна верификација во друга професија таа се насочила кон професијата на нејзинит татко - професионален возач. Избрала сама бидејќи го познавала животот на професионален возач, често возејќи се со него како мала низ некои од земјите од Европа и така го засакала патувањето. А кога работата е задоволство, не е тешко да стане и животен избор.

- „Додека бев мала постојано одев со татко ми, сакав да се возам со него и ми беше доста интересно. Уште од мали нозе се роди оваа желба кај мене и прерасна во изборот за мојата идна професија“ - низ асмевка вели Благица.

Реакцијата на најблиските за овој нејзин избор не биле очекувани:

- „Сите мои роднини, а пред сѐ моите родители беа скептични, воедно и изненадени во врска со мојот избор на професија и одлука. Се сомневаа дека девојка може да се справи со толку огромно возило. Но, сепак, никој не се спротивстави на мојата одлука, туку напротив сите ме охрабруваа да се борам и да успеам“, се сеќава Благица на почетоците пред 5 години.

Таков пристап на изненаденост имала и од страна на колегите возачи кои не верувале дека една девојка може да се справи со сите предизвици кои ги бара возилото, пример влечењето на церадата и сите останати предизвици кои ги носи патувањето при оваа професија. Но, сепак била прифатена од колегите и биле наклонети ако и треба некоја помош, која со драго срце и ја пружале.

- „За случајните минувачи, жена-возач на камион е чудо невидено. Се вртат по повеќе пати за да се осигурат во тоа што го виделе нивните очи. Имаше многу реакции и коментари, а најголем дел беа позитивни и охрабрувачки“ ја објаснува Благица реакцијата на минувачите кога ќе дознаат дека македонски камион вози жена возач.

Сепак вели дека освен присутните предрасуди во Македонија дека ова е машка професија во Европа скоро секој трет возач на камион е девојка, и тоа е сосема нормално за разлика од кај нас.

Со малите поправки на возилото научила да се снаоѓа, но сепак вели се снаоѓа и во странство каде за ова постојат посебни служби.

>Вози по 9 часа дневно правејќи три паузи по 45 минути. Некогаш на меѓународните тури се задржува во странство и по 15 денови. Слуша музика додека вози и секогаш расположението го одржува „на ниво“. Вели дека како жена-возач има една предност, може да вози и со штикли. „Жена си - можеш се'!“ открива првиот професионален возач-жена од Богданци.

Затоа нејзиното животно мото е: „Не ми пречи што живеам во машки свет, сѐ додека во него можам да бидам жена.“ - открива Благица Тасевска од Богданци, првата жена професионален возач на камион од Богданци, центарот на транспортни махери од нашиот крај.

Фото: Фејсбук архива на Благица

Last modified on Вторник, 03 Мај 2022 - 21:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули

Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е

Повеќе

Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија

Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од

Повеќе

Трговците во туристичките места ќе работат и во недела

Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се

Повеќе

Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“

Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати

Повеќе

Уапсен млад гевгеличанец

Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.