Гевгелискиот ученик Благоја Стоев во класата по пијано кај проф. Александар Лазаров, од ОМУ „Васо Карајанов“ од Гевгелија е добитник на ПРВА награда на Меѓународниот натпревар "Полихимниа" 2022 кој се одржува во Скопје. Натпреварувајќи се во класата „А“ - пијано и хармоника во конкуренција помеѓу 29 учесника нашиот Благојче беше најдобар освојувајќи 95 поени.
Во првата етапа од натпреварот „полихимниа“ учесниците испраќаат свои музички изведби поставени на You Tube платформата во траење од 5 минути. Стручното жири ги вреднува и прогласува најдобрите тројца, а четвртиот се стекнува со пофалница.
Гевгелискиот V-то одделенец Благоја со победата во класата „А“ се стекна со право на учество во втората етапа на овој натпревар, кој опфаќа солистичка музичка точка на концертот " Млади надежи". Концертот ќе биде оддржан во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје на 7 мај. Честитки за наградата за 11 годишниот Благоја испорачаа од ООМУ „Васо Карајанов“ посакувајќи му успешен настап!
Ова се музичките точки со кои Благој настапи на „Полихимниа“
Меѓународниот фестивал на Полихимниа е манифестација која традиционално се одржува 7-ма година по ред низ концертните сали ширум главниот град. Учество земаат ученици и студенти од Република Македонија, соседните земји, но и учесници од Европските земји. Oваа година се застапени повеќе категории на инструменти за соло и камерна изведба (пијано, хармоника, дувачки инструменти, гудачки инструменти, гитара, соло пеење и камерна музика).
Во рамките на фестивалот се одржуваат повеќе јавни изведби:
- Меѓународен Натпревар Полихимниа 2022
- Концерт, работилници и семинари за ученици и студенти
- Прогласување на Лауреати, доделување на концерт и парични награди од наградниот фонд на фестивалот;
- Концерт на Лауреатите од минатогодишниот Меѓународен натпревар Полихимниа 2020
Организатор на настанот е Здружението на музички педагози на Македонија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.
РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е
Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија
Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од
Трговците во туристичките места ќе работат и во недела
Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се
Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“
Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати
Уапсен млад гевгеличанец
Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР