Драмската група „,Дон Кихот" при СОУ ,,Јосиф Јосифовски" од Гевгелија, освои прва награда на манифестацијата „МАССУМ 2022“, која претставува Образовно рандеву за 2022 година ,а на истата учествуваат средните училишта од државата.
Годинава домаќин на манифестацијата беше Велес, а центарот на збиднувањата беше младинскиот парк каде се претставија екипите на 48 средни училишта од државата.
Меѓу учесниците беа и екипи на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
На манифестацијата најуспешна беше театарската група „Дон Кихот“ која освои ПРВО место во категорија Најдобра драмска претсава.
Не е за занемарување овој вложен труд и постигнат резултат, ако се знае дека оваа театарска група со генерации артистичи постави постои од 1995 година и зад себе има реализирано повеќе претстави, гостувања во републиката и странство. Ќе споменеме дека имаат освоено: Прво место на престижниот Меѓународен фестивал во Албена, Бугарија во 2018 година, Специјална награда за артизам доделена на XXVI Меѓународен фестивал за артизам „Александар Стефанов“ во Бугарија година 2018, Прво место на меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда“ во Банско Бугарија 2019, како и Седмоноемвриска награда 2019 - Сребрена плакета за постигнувања од областа на театарската уметност и за особен придонес во развојот на театарскиот живот во Гевгелија.
Честитки за членовите на екипата „Дон Кихот“ и нивниот професор, ментор, рефисер Даниела Џишева.
На МАССУМ 2022 учествуваа повеќе екипи кои имаа задача да постават и организираат свој најдобар настап со изложување на штанд за училиштето. Средношколците имаа задача својот штанд да го претстават во најдобро светло пред секој посетител, посебно пред жири Комисија којашто ги оценуваше истите. Покрај креативноста на штандовите, дел од учениците, се натпреваруваа во „Талент шоу“ коешто беше организирано во амфитеатарот како и во повеќе категории.
Во вкупно 12-те категории каде зедоа учество ученици од СОУ „Ј. Јосифовски“ освоени се две втори награди: во категориите пинг-понг и организација на штанд.
Се' на се' успешен настап и заслужени награди на учениците од гевгелиското средно училиште на годинашната Образовна средба во органозација на Младинската Асоцијација на средни стручни училишта во Македонија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.
РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е
Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија
Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од
Трговците во туристичките места ќе работат и во недела
Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се
Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“
Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати
Уапсен млад гевгеличанец
Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР