Боно отиде во Киев, во метрото ги пееше хитовите на U2

Недела, 08 Мај 2022

Ирската рок-ѕвезда Боно ѝ оддаде признание на борбата на Украина за „слобода“ за време на настапот во метро станицата во центарот на Киев во неделата, каде што фронтменот на U2, исто така, упати своја молитва „за мир“.

Легендарниот пејач Боно настапи со својот бенд У2 во метро станицата во Киев која сега се користи како скривница на населението среде руските напади врз Украина.

Од платформата на метро-станицата Крешчатик во Киев, 61-годишната рок икона ги изведе класиците на U2 Sunday Bloody Sunday, Desire и With or Without You.

- „Народот во Украина не се бори само за сопствената слобода, вие се борите за сите нас кои ја сакаме слободата“, рече Боно во паузата.

Пејачот се осврна и на минатите конфликти во родната Ирска на бендот и проблемите што ги имаше со помоќниот сосед: -„Се молиме наскоро да уживате малку од тој мир“, рече Боно.

Изненадувачката посета на Боно – долгогодишен хуманитарец кој често го дава својот глас за различни причини, вклучително и борбата против сиромаштијата и СИДА-та — дојде додека сирените за воздушни напади одекнаа во главниот град на Украина и борбите беснееја на истокот на земјата.
Боно и У2 ги изведоа култните хитови „Angel of Harlem“, „With or Without Your“ и многу други, додека публиката пееше со нив.

Жителите на Киев барем накратко заборавија на сите ужаси од војната што руските трупи ги донесоа со себе, почнувајќи од 24 февруари, кога започна инвазијата.

Заедно со Боно и У2 настапи и Тарас Топола. Своето пристигнување во Украина го најавија и други ѕвезди, во знак на подушка, пренесе Дневен аваз.

„Тоа се некои добри емоции, тоа е сè“, рече припадник на украинските територијални сили во публиката.

 

Last modified on Недела, 08 Мај 2022 - 20:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.