ВАСО КАРАЈАНОВ - Леонид ( 22.12.1921 - 02.08.1943 г.). Во напредното младинско движење во Гевгелија се приклучува многу млад во 1936 година на 15 годишна возраст. Во меѓувреме станува еден од најактивните напредни младици во Гевгелија и во 1939 година се приклучува на СКОЈ (Савез комуниста омладине југославије) и КПЈ (Комунистичката партија на Југославија). Во април 1943 заминува во партизани на Кожуф планина и се приклучува на нантифашистичката борба. Загинал на 18 годишна взраст во местото Клуч на Кожуф планина. Тој е првиот паднат борец во НОВ од Гевгелија.
ТАЉА БИКОВА - (1927-28.09.1944 г.) Во 1943 г. станала член на СКОЈ, а во април 1944 се приклучила во редовите на Народноослободителната Борба. Загина во борбите за ослободување на струмичкиот крај во с. Попчеово, струмичко;
ДЕКО КОВАЧЕВ - (1914 -1978) - член на групата од 15 младинци кои први заминале во партизани на 26 април 1943 година на Кожуф планина каде е формиран првиот партизански одред „Сава Михајлов“ со кој Деко и соборците учествувале во низа борби во Гевгелиско и низ Македонија;
АЛЕКО ЌАЕВ - (1922-1981 г.) - е исто така првоборец, член на првата група младинци излезени во партизани на 26 април 1943 година.
И Деко Ковачев и Алеко Ќаев имале среќа по низата активни борбени дејствија да ја донесат и дочекаат слободата. После војната стануваат активни градители на општествениот живот и развој на општината
Денот на победата над фашизмот 9 Мај го посветуваме на борците од Гевгелија и гевгелиско кои во далечната 1943 заминаа во партизани приклучувајќи се на Антифашистичката коалиција, кон која се приклучија 61 земји од светот, меѓу кои и Македонија.
Најчесто делегациите од општествено-политичкиот живот во општината ги посетуваат спомениците на Народните херои, спомениците на носителите на Партизанска споменица од НОБ и Спомен костурницата на паднатите борци од Гевгелија и гевгелиско.
Без цвеќе, остануваат паметниците на овие борци лоцирани во Градскиот парк, дворот на негогашниот тутунски комбинат „Таља Бикова“ и пред Железничката станица во Гевгелија. Денеска со посетата на нашиот репортер сакавме да дадеме светлина врз нивното дело за време на борбата против фашистичкиот окупатор.
Вечна слава! Во благодариме за слободата!
Image Gallery
https://gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7042:pocit-za-borcite-koi-trgnaa-kon-slobodata&Itemid=585#sigProGalleriae0a14fc673
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.
РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е
Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија
Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од
Трговците во туристичките места ќе работат и во недела
Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се
Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“
Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати
Уапсен млад гевгеличанец
Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР